• Skip to main content
  • Skip to secondary menu
  • Skip to primary sidebar
  • Напиши статија
  • Регистрација
  • Контакт
  • Сервис
  • Услови за користење
  • Превземање

Статија

експерти на различни теми

  • Деловни вештини
    • Бизнис
    • Деловна комуникација
    • Лидерство
    • Маркетинг
    • Менаџмент
    • Мотивација на вработени
    • Мрежен маркетинг
    • Организациска култура
    • Претприемништво
    • Продажба
    • Тимска Работа
    • Финансии
    • Човечки ресурси
  • Личен развој
    • Биографија
    • Време
    • Емоционална интелигенција
    • Интелигенција
    • Кариера
    • Коучинг
    • Личен менаџмент
    • Лични финансии
    • Невербална комуникација
    • Невро-лингвистичко програмирање
    • Образование
    • Пензија
    • Пишување и говор
    • Психологија
    • Стрес
    • Уметност
  • Живот
    • Јога
    • Љубов
    • Алкохолизам
    • Вино
    • Деца
    • Диета
    • Здравје
    • Исхрана
    • Семејство
    • Фитнес
  • Разно
You are here: Home / Преземено од / Неделен магазин Капитал / Маркетингот и комуницирањето со јавноста

Маркетингот и комуницирањето со јавноста

20.09.2023 Категории: Маркетинг, Неделен магазин Капитал

Разработувањето и спроведувањето на програмата за комуникација со јавноста се врши во тесна координација со менаџментот и маркетингот на компанијата. Но, таа треба да биде програмирана како одделна функција, бидејќи е директно одговорна за имиџот на компанијата во јавноста.

Филип Котлер, еден од водечките специјалисти за маркетинг, смета дека дејноста на тимовите за односи со јавноста треба да се смета за маркетиншка функција на компанијата. Тој смета дека има пет концептуални модели на односи меѓу маркетингот и односите со јавноста како институт.

1 – Првиот модел ги разгледува како одделни, но рамноправни функции. Тоа е традиционалната гледна точка, според која двете функции се различни во своите перспективи и улоги. Маркетингот постои за ги идентификува потребите на клиентите и да го зголеми приходот. Програмата за комуникација, пак, служи за создавање и поддржување на добри односи кон компанијата од страна на нејзината целна публика, што би и дозволило да ги постигне своите цели.

2 – Според вториот модел, тие се рамноправни функции што се испреплетуваат меѓу себе. Оваа гледна точка го застапува сфаќањето дека маркетингот и односите со јавноста се важни, но и одделни функции, кои што делат определена општа територија. Популаризирањето на определен производ преку медиумите и односите со клиентите се некои од најочигледните места на општ интерес.

3 – Третата концепција го разгледува маркетингот како доминантна функција. Според овој модел, програмата за комуникација постои само за да служи на маркетиншките потреби – да помага во промовирањето и реализирањето на производите и услугите на компанијата. Така се отфрла гледиштето дека програмата за комуникација треба да постои за да ги балансира интересите на една организација и нејзината целна публика. На тој начин целите на организацијата се ставаат на прво место, а дури потоа следува идејата за нејзините општествени ангажмани.

4 – Поретко споменувана гледна точка е онаа каде што односите со јавноста се доминантна функција. Аргументот овде е дека просперитетот на една фирма зависи од тоа како на неа гледа нејзината целна публика – не само клиентите, туку и вработените, акционерите, општеството и сл.

5 – Можеби најпротивречна е петтата гледна точка, која маркетингот и односите со јавноста ги разгледува како две функции чии концепции и методологии се повеќе се препокриваат. Таа признава дека и двете функции до извесен степен се однесуваат на публиките и пазарите, ја признава нуждата од сегментација, важноста на разбирањето и взаемното дејство меѓу компанијата и целната публика.

Според Котлер, овие пет модели можат да го дадат решението за конкуренцијата меѓу маркетингот и програмата за комуникација, да ги синтетизираат дејностите на двете функции и да го намалат конфликтот и недостигот на координација меѓу нив.

Даниел Еделмен, раководител на една од најголемите агенции за односи со јавноста во светот, ги посочува ситуациите кога тим за односи со јавноста би бил поефикасен во поддршката на маркетиншките цели:
– Со нов, револуционерен тип производ;
– Кога компанијата е мала и има малку пари за реклама;
– Кога рекламата не успева да изгради препознатливост на марката;
– Кога законската регулатива ја прави невозможна рекламата на даден продукт;
– Кога производот е релативно сложен и бара време за објаснување;
– Кога утврдени производи или компании се користат за дадена општествена кауза;
– Кога компанијата има тешкотии при распространувањето на даден продукт.

Ефикасната програма за комуникација произлегува од целите и политиката на дадена компанија. Нејзиното разработување се врши во тесна координација со менаџментот и маркетингот на компанијата. Едновремено, комуникацијата треба да биде програмирана како одделна функција, која пред општеството ја претставува корпоративната дејност. Како таква, таа е директно одговорна за имиџот на компанијата во јавноста.

Преземено од: Неделен магазин Капитал www.kapital.com.mk

Категории: Маркетинг, Неделен магазин Капитал

За авторот:

Reader Interactions

Остави коментар Cancel reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Primary Sidebar

Последни Постови

  • Светските компании ги чуваат своите најскапи ресурси
  • Дали на компаниите им е потребен психолог и зошто?
  • Жените – најмалку искористен светски ресурс
  • Војна за таленти
  • Компаниите сè поагресивни во привлекувањето таленти

Категории

  • Автори (184)
    • Aфродита Кермичиева Пановска (5)
    • Јована Петровска (2)
    • Александар Делев (5)
    • Александра Марковска (1)
    • Алма Хот (12)
    • Ана Салтирова Давидовски (19)
    • Ана Чучкова (5)
    • Благица Ризоска (5)
    • Благоја Грубор (9)
    • Борис Ефтимовски (2)
    • Брајан Трејси (3)
    • Валентин Јуриќ (2)
    • Весна Алексовска (9)
    • Виктор Куновски (7)
    • Гордана Андоновска (6)
    • Гордана Гоџо (3)
    • Дејан Спасевски (18)
    • Дијана Клекар (1)
    • Драган Шутевски (6)
    • Емилија Али (2)
    • Жарко Конески (2)
    • Зоран Лукач (1)
    • Коста Мицковски (6)
    • Лидија Зорба (1)
    • Маја Смилевска (3)
    • Марија Мојсоска (3)
    • Марина Анчевска (3)
    • Матеј Томажин (2)
    • Милан Новковски (6)
    • Мирослав Драганов (1)
    • Митко Керамитчиев (1)
    • Наташа Ивановска (4)
    • Нела Јолеска (2)
    • Павле Зимбаков (4)
    • Роберт Проданоски (4)
    • Славчо Бујароски (1)
    • Снежана Какуринова (4)
    • Тања Николова Маневска (5)
    • Тања Чачорова Илиевска (2)
    • Теодор Алексов (2)
    • Томислав Трајков (5)
  • Преземено од (88)
    • Global HR (2)
    • Web Marketing Today (1)
    • Јошевски Консалтинг (2)
    • Вработување NEWS (29)
    • Неделен магазин Капитал (52)
    • Таргет списание (2)
  • Теми (257)
    • Деловни вештини (172)
      • e-mail маркетинг (9)
      • Бизнис (17)
      • Деловна комуникација (6)
      • Лидерство (8)
      • Маркетинг (27)
      • Менаџмент (32)
      • Мотивација на вработени (6)
      • Мрежен маркетинг (1)
      • Организациска култура (6)
      • Претприемништво (9)
      • Продажба (20)
      • Тимска Работа (17)
      • Финансии (2)
      • Човечки ресурси (24)
    • Живот (22)
      • Јога (7)
      • Љубов (2)
      • Деца (4)
      • Здравје (3)
      • Исхрана (4)
      • Семејство (1)
      • Фитнес (1)
    • Личен развој (62)
      • Емоционална интелигенција (2)
      • Интелигенција (3)
      • Кариера (12)
      • Коучинг (1)
      • Личен раст и развој (2)
      • Лични финансии (8)
      • Образование (5)
      • Пензија (1)
      • Психологија (9)
      • Стрес (1)
      • Финансии и Инвестиции (5)
    • Разно (2)

Последни Коментари

  • Славчо Бујароски on Промени – основа за успешен развој на бизнисите
  • Славчо Бујароски on Промени – основа за успешен развој на бизнисите
  • Славчо Бујароски on Промени – основа за успешен развој на бизнисите
  • Славчо Бујароски on Промени – основа за успешен развој на бизнисите
  • Славчо Бујароски on Промени – основа за успешен развој на бизнисите

Архива

  • September 2023
  • April 2018
  • March 2018
  • August 2017
  • July 2017
  • May 2012
  • March 2012
  • February 2012
  • January 2012
  • December 2011
  • November 2011
  • October 2011
  • September 2011
  • August 2011
  • July 2011
  • June 2011
  • March 2011
  • February 2011
  • January 2011
  • December 2010
  • November 2010
  • October 2010

Statija.mk © 2025 ·