• Skip to main content
  • Skip to secondary menu
  • Skip to primary sidebar
  • Напиши статија
  • Регистрација
  • Контакт
  • Сервис
  • Услови за користење
  • Превземање

Статија

експерти на различни теми

  • Деловни вештини
    • Бизнис
    • Деловна комуникација
    • Лидерство
    • Маркетинг
    • Менаџмент
    • Мотивација на вработени
    • Мрежен маркетинг
    • Организациска култура
    • Претприемништво
    • Продажба
    • Тимска Работа
    • Финансии
    • Човечки ресурси
  • Личен развој
    • Биографија
    • Време
    • Емоционална интелигенција
    • Интелигенција
    • Кариера
    • Коучинг
    • Личен менаџмент
    • Лични финансии
    • Невербална комуникација
    • Невро-лингвистичко програмирање
    • Образование
    • Пензија
    • Пишување и говор
    • Психологија
    • Стрес
    • Уметност
  • Живот
    • Јога
    • Љубов
    • Алкохолизам
    • Вино
    • Деца
    • Диета
    • Здравје
    • Исхрана
    • Семејство
    • Фитнес
  • Разно
You are here: Home / Преземено од / Вработување NEWS / Како можам да ја продадам оваа идеја на мојот шеф?

Како можам да ја продадам оваа идеја на мојот шеф?

20.09.2023 Категории: Вработување NEWS, Менаџмент

На Роналд Реган му била припишана заслугата за брзото завршување на Студената војна меѓу СССР и САД. Додека тој долго време се залагал за нуклеарно разоружување, неговото оспорување станало лично откако го гледал телевизискиот филм, The Day After, во кој е претставено рушењето на Лоренс во Канзас, по една нуклеарна експлозија. Според The Dead Hand, недамнешна историја на ерата на Студената војна од Дејвид Хофман, поради филмот, Реган бил во депресија со денови и станал уште порешителен во својата намера да бара забрана за нуклеарното оружје. Скептиците може да се подбиваат со идејата дека еден обичен филм имал големо влијание врз претседателот но филмовите му помогнале на Реган да го оформи погледот на светот.

Неколку менаџери кои сакаат да влијаат нагоре имаат можност да направат филм, но повеќето менаџери се снаодливи и имаат способност и искуство да изготват аргумент за да го добијат својот случај. Како што имам напишано во мојата нова книга, Lead Your Boss, The Subtle Art of Managing Up, суштинско за развивање на силен случај е прво и најважно да се усогласи вашиот аргумент со деловниот случај: зошто организацијата би требало да ја земе предвид вашата идеја? Ако не е заснована на предлози за подобрување или спасување на бизнисот, вашата идеја нема никакви шанси; оттука, можете да почнете. За да го изградите деловниот случај, прво мора да го изготвите вашиот аргумент, всушност да се рекламирате повеќе, на начин кој ќе му се допадне на лицето со авторитет. Еве како.

Прифатете го ставот на вашиот шеф
Научете дека ако сакате да влијаете на извршниот директор, тогаш мора да го гледате светот исто како што го гледа тој/таа. Извршните директори ја земаат предвид вашата изведба во фирмата, секако, но секој од нив има „горливи“ прашања во врска со производите и услугите, моралот на вработените, или нивното наследство. Ако имате шеф кој ги крати трошоците, насочете ја вашата идеја како средство за скратување на трошоците, или барем за нивно намалување. Исто така, ако имате шеф кој е фокусиран на проблемите на потрошувачите – насочете ја вашата идеја кон подобрување на услугата за потрошувачите или предностите на производите. Основана на која ќе ја поставите вашата идеја зависи од интересот на вашиот шеф.

Нацртајте слика
Видовме каков силен впечаток имаат филмовите кај Реган. Размислете на кој начин вашиот шеф сака да му се презентираат информациите. Дали тоа би било обична табеларна пресметка или детален бизнис план? Направете како што сметате дека е најлогично, но не застанувајте тука. Ако вашата идеја е голема и смела, направете го тоа со снимање на видео или со помош на фотографии. Овие варијанти се ефикасни при изразување на проблемите на потрошувачите. Снимка од некој потрошувач кој изразува желба или загриженост за подобрување или недостаток на некој производ, може да биде моќно средство за убедување. Ако вашата иницијатива е насочена кон подобрувања во рамките на фирмата, направете интервју со краен корисник кој ќе има корист од усвојувањето на вашата идеја.

Реализирајте ја идејата
Кога Френклин и се додворувал Еленор Рузвелт, таа го однела во источниот дел на Њујорк каде таа вршела доброволна работа со сиромашните, главно имигранти. Со тоа што го однела Френклин, кој бил аристократ, во квартови со распаднати живеалишта му ги отворила очите и му помогнала да ја види вистинската сиромаштија во светот. Затоа, за да го изградите вашиот случај, соочете го вашиот шеф со клучните точки од вашата идеја. На пример, ако настојувате за подобрување на подот во фабриката, однесете го на самото место и кажете му какви ви се намерите. Или, доколку сакате да ги изнесете потребите на потрошувачот, поканете го шефот во целна група од потрошувачи. Нема ништо посилно од примерите од вистинскиот живот за докажување на вашето тврдење.

Овие чекори за остварување на вашите идеи функционираат, но потребно е уште нешто – вашиот кредибилитет. Ако сакате да бидете меѓу првите, треба да ве доживуваат како стручњак. Оттука, потешко е да се продаде нагоре ако сте нов во вашата работа, освен ако не сте најмени за да го направите тоа (односно, да ги „размрдате“ работите со нови идеи.) Кредибилитетот се стекнува преку примери, особено со беспрекорно извршување на задачите подолг период. Исто така, суштинско за оние кои управуваат во средина, кредибилитетот се зголемува со способноста за соработка со колегите.

Рекламирањето на идеите нагоре и нивно остварување е суштинско за процесот на застанување меѓу првите, кој, нормално, бара способност за балансирање на крупната слика за потребите на организацијата и секојдневните задачи. Кога продавате некоја идеја на вашиот претпоставен, дури и тоа да е извршниот директор, од голема важност е да верувате во вашата способност да направите позитивна промена. Трансформацијата може да се санкционира од „високо“, но луѓето во средината ја остваруваат, а тоа е убедлив случај сам по себе.

Преземено од: Вработување NEWS

Категории: Вработување NEWS, Менаџмент

За авторот:

Славчо Бујароски е директор и сопственик на Сигма-СБ, компанија за производство и имплементација на деловен софтвер. За повеќе информации посетете ја веб страната на www.sigmasb.com.mk

Reader Interactions

Остави коментар Cancel reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Primary Sidebar

Последни Постови

  • Светските компании ги чуваат своите најскапи ресурси
  • Дали на компаниите им е потребен психолог и зошто?
  • Жените – најмалку искористен светски ресурс
  • Војна за таленти
  • Компаниите сè поагресивни во привлекувањето таленти

Категории

  • Автори (184)
    • Aфродита Кермичиева Пановска (5)
    • Јована Петровска (2)
    • Александар Делев (5)
    • Александра Марковска (1)
    • Алма Хот (12)
    • Ана Салтирова Давидовски (19)
    • Ана Чучкова (5)
    • Благица Ризоска (5)
    • Благоја Грубор (9)
    • Борис Ефтимовски (2)
    • Брајан Трејси (3)
    • Валентин Јуриќ (2)
    • Весна Алексовска (9)
    • Виктор Куновски (7)
    • Гордана Андоновска (6)
    • Гордана Гоџо (3)
    • Дејан Спасевски (18)
    • Дијана Клекар (1)
    • Драган Шутевски (6)
    • Емилија Али (2)
    • Жарко Конески (2)
    • Зоран Лукач (1)
    • Коста Мицковски (6)
    • Лидија Зорба (1)
    • Маја Смилевска (3)
    • Марија Мојсоска (3)
    • Марина Анчевска (3)
    • Матеј Томажин (2)
    • Милан Новковски (6)
    • Мирослав Драганов (1)
    • Митко Керамитчиев (1)
    • Наташа Ивановска (4)
    • Нела Јолеска (2)
    • Павле Зимбаков (4)
    • Роберт Проданоски (4)
    • Славчо Бујароски (1)
    • Снежана Какуринова (4)
    • Тања Николова Маневска (5)
    • Тања Чачорова Илиевска (2)
    • Теодор Алексов (2)
    • Томислав Трајков (5)
  • Преземено од (88)
    • Global HR (2)
    • Web Marketing Today (1)
    • Јошевски Консалтинг (2)
    • Вработување NEWS (29)
    • Неделен магазин Капитал (52)
    • Таргет списание (2)
  • Теми (257)
    • Деловни вештини (172)
      • e-mail маркетинг (9)
      • Бизнис (17)
      • Деловна комуникација (6)
      • Лидерство (8)
      • Маркетинг (27)
      • Менаџмент (32)
      • Мотивација на вработени (6)
      • Мрежен маркетинг (1)
      • Организациска култура (6)
      • Претприемништво (9)
      • Продажба (20)
      • Тимска Работа (17)
      • Финансии (2)
      • Човечки ресурси (24)
    • Живот (22)
      • Јога (7)
      • Љубов (2)
      • Деца (4)
      • Здравје (3)
      • Исхрана (4)
      • Семејство (1)
      • Фитнес (1)
    • Личен развој (62)
      • Емоционална интелигенција (2)
      • Интелигенција (3)
      • Кариера (12)
      • Коучинг (1)
      • Личен раст и развој (2)
      • Лични финансии (8)
      • Образование (5)
      • Пензија (1)
      • Психологија (9)
      • Стрес (1)
      • Финансии и Инвестиции (5)
    • Разно (2)

Последни Коментари

  • Славчо Бујароски on Промени – основа за успешен развој на бизнисите
  • Славчо Бујароски on Промени – основа за успешен развој на бизнисите
  • Славчо Бујароски on Промени – основа за успешен развој на бизнисите
  • Славчо Бујароски on Промени – основа за успешен развој на бизнисите
  • Славчо Бујароски on Промени – основа за успешен развој на бизнисите

Архива

  • September 2023
  • April 2018
  • March 2018
  • August 2017
  • July 2017
  • May 2012
  • March 2012
  • February 2012
  • January 2012
  • December 2011
  • November 2011
  • October 2011
  • September 2011
  • August 2011
  • July 2011
  • June 2011
  • March 2011
  • February 2011
  • January 2011
  • December 2010
  • November 2010
  • October 2010

Statija.mk © 2025 ·