• Skip to main content
  • Skip to secondary menu
  • Skip to primary sidebar
  • Напиши статија
  • Регистрација
  • Контакт
  • Сервис
  • Услови за користење
  • Превземање

Статија

експерти на различни теми

  • Деловни вештини
    • Бизнис
    • Деловна комуникација
    • Лидерство
    • Маркетинг
    • Менаџмент
    • Мотивација на вработени
    • Мрежен маркетинг
    • Организациска култура
    • Претприемништво
    • Продажба
    • Тимска Работа
    • Финансии
    • Човечки ресурси
  • Личен развој
    • Биографија
    • Време
    • Емоционална интелигенција
    • Интелигенција
    • Кариера
    • Коучинг
    • Личен менаџмент
    • Лични финансии
    • Невербална комуникација
    • Невро-лингвистичко програмирање
    • Образование
    • Пензија
    • Пишување и говор
    • Психологија
    • Стрес
    • Уметност
  • Живот
    • Јога
    • Љубов
    • Алкохолизам
    • Вино
    • Деца
    • Диета
    • Здравје
    • Исхрана
    • Семејство
    • Фитнес
  • Разно
You are here: Home / Автори / Дејан Спасевски / Како да обезбедите содржини за е-весник

Како да обезбедите содржини за е-весник

20.09.2023 Категории: e-mail маркетинг, Дејан Спасевски

Секој што на интернет дистрибуира редовен електронски весник знае дека главната работа е да обезбеди доволно интересни содржини за да го задржи вниманието на читателите. Следуваат десет практични совети како постојано да обезбедувате интересни содржини за вашиот електронски весник.

Постојано одржувајте папка за содржини
Обебедувањето содржини за електронски весник најчесто станува задача или приоритет кога роковите ќе притиснат. Во тој случај се јавува притисок за што побрзо да се дојде до идеи и се најдат материјали за објавување.

Многу подобра практика е одржување папка (фолдер) на вашиот компјутер со содржини за електронски весник. За истата намена можете да користите и постојано отворен документ на вашиот компјутер. Папката и документот може да се користат за вметнување содржини и материјали, постојано и тековно како што ќе се појавуваат.

Пример: За да функционира ова, потребно е електронскиот весник постојано да го имате во глава. Работите кои ги гледаме, читаме или слушаме секојдневно, честопати може да бидат многу добра идеја/наслов за следниот електронски весник. Кога ќе се доближат роковите за издавање на електронскиот весник, оваа папка за содржини нуди мноштво на опции кои ќе ги имаме на располагање при подготвувањето на следното издание.

Обезбедете резервна содржина
Од голема помош е доколку имате обезбедено резервна содржина одложена настрана за ситуации кога ќе бидете во теснец со време. Со оваа тактика ќе избегнете трошење време за подготвување содржини за секое издание и во секое време ќе имате резерва.

Пример: Напишете статија која нема да ја изгуби временската актуелност, ниту релевантноста за читателите и одложете ја настрана за итни случаи.

Следете ги цифрите
Откако ќе го испратите електронскиот весник, погледнете го извештајот за тоа колку лица ги прочитале содржините или колку лица кликнале одреден линк. Искористете ги овие извештаи за да научите за интересите на читателите. Доколку одреден наслов или линк предизвикал огромен број на кликови, ќе знаете на што да ги фокусирате содржините за идните изданија.

Погледнете ги и вашите веб извештаи. Кои секции од вашата веб страница се најпосетени, кои зборови и фрази посетителите најчесто ги внесуваат при пребарувањето на вашата страницата. Сите овие информации даваат насоки за тоа кој вид на содржини и наслови се најинтересни за посетителите.

Пример: Доколку вашиот систем за пребарување е доволно напреден, можете дури и да видите кои термини на пребарување ги довеле посетителите на вашата веб страница и кои од нив потоа се регистриралe да го добиваат вашиот електронски весник.

Пример: Напишете на пример дека продавате црвени и сини алатки. Доколку сите регистрирани читатели ја посетиле вашата веб страница поради црвените алатки, во тој случај можеби следните содржини треба да се фокусираат на црвените алатки.Дополнително, ќе треба да се размисли за начин како да придобиете што поголем број на регистрирани членови од трагачите по сини алатки.

Регистрирајте се за добивање електронски весник од вашите конкуренти
Дозволете им на другите кои се во ваша позиција да бидат ваша инспирација. Набљудувајте ги другите електронски весници од вашата област. Следете ги нивните содржини и линкови кои ги презентираат. Ќе добиете идеи кои можете да ги примените на вашето издание.

Одете онаму каде што одат вашите читатели
Дознајте ги веб страниците кои вашите читатели ги посетуваат и дознајте што ги интересира. Посетувајте релевантни форуми, сајтови на социјални мрежи, блогови и сл. Забележете ги насловите кои ви изгледаат дека ќе привлечат најголем интерес и дистрибуирајте ги до вашите читатели.

Користете одреден сервис за пребарување на интернет (Google, Yahoo, Bing) или сервис за пребарување по блогови за да најдете релевантни теми и наслови. Дознајте што вели блогерската заедница за вашиот бизнис, за вашите продукти и услуги, или за вашиот сектор.

Пример: Google има механизам за пребарување по блогови, а постојат и одредени веб сајтови (Technorati) кои биле изработени исклучиво за таа намена.

Разговарајте со претставниците за продажба и со службата за купувачи
Вашите вработени секојдневно се среќаваат со сегашните и идните купувачи. Тие претставуваат одличен извор на информации за содржините на вашиот електронски весник. Тие постојано слушаат прашања и интереси врзани за продуктите и услугите кои ги нудите. Затоа искористете ги нивните информации и сугестии за корисни содржини.

Пример: Секој вработен во една организација може да допринесе за содржините на електронскиот весник. Кога лицето од одделот за продажба постојано го слуша истото прашање од разни купувачи, би можел да сугерира тоа прашање да се вметне во следниот број на електронскиот весник.

Секој што на интернет дистрибуира редовен електронски весник знае дека главната работа е да обезбеди доволно интересни содржини за да го задржи вниманието на читателите. Следуваат десет практични совети како постојано да обезбедувате интересни содржини за вашиот електронски весник.

Партнер
Читателите на вашиот електронски весник имаат слични интереси со читателите на други електронски весници кои не претставуваат директна конкуренција. Во таков случај, воспоставете партнерство со тие електронски весници.

Партнерството со овие електронски весници е одличен начин за споделување содржини со нив. Вие обезбедувате дел од содржината за нивниот весник, а тие за возврат треба да обезбедат дел од содржината за вашиот весник.

Пример:
• сервис за web hosting може да ги дели своите содржини со интернет маркетинг компанија
• производител на персонални компјутери со софтверска компанија
• хотелски ланец со авионска компанија
• итн.

Рециклирајте содржини
Не треба постојано да пишувате и креирате нови материјали и содржини само за електронскиот весник. Рециклирајте содржини од други сегменти на вашиот бизнис, особено ако читателите на весникот ги немаат прочитано овие содржини.

Пример: Електронскиот весник се користи како начин читателите да стигнат веднаш до содржините на одреден блог без да мораат секојдневно да ги следните дневните постирања. На овој начин електронскиот весник ги препакува содржините кои секојдневно се објавуваат на блогот.

Дозволете им на читателите да избираат
На вашиот веб сајт, предвидете одреден простор за читателите да остават коментари и предлози за наслови и теми кои би сакале да ги видат во електронскиот весник. Поттикнете ги и охрабрете ги вашите читатели преку овие форми за ги оставаат своите коментари. Добро е да се обезбедат што повеќе повратни информации од читателите.

Публика
Проверете ги сите пораки со наслов “out of office” кои Ви се враќаат после секое испраќање на електронскиот весник. Секоја порака во вашата комуникација со читателите користете ја за да дознаете што повеќе детали за вашите читатели. Овие пораки содржат потпис со целосни податоци и титула за читателот, што може да Ви помогне да изградите подобра слика за вашата читателска публика.

Дискусија со читателите
Преку дискусија може да се привлече значителен интерес на читателите. Може да се дознае повеќе за што размислуваат, за кои теми би сакале да прочитаат. Добро е да се отвори дискусија за проблемот кој го имаат. Потребно е да се навлезе во конверзацијата која се одвива во нивната глава. Доколку некому му се јаде стек, најверојатно нема да имате било каква шанса да му продадете сладолед затоа што нема да ве слуша.

Со создавање дискусија, вашите читатели ќе бидат помалку тенденциозни вашите пораки да ги сметаат за спам. Ќе чувствуваат помал притисок. Тоа ќе ги намали шансите вашите пораки да бидат означени како спам или да не бидат прочитани.

Пример: Една од најдобрите практики во email маркетингот кај малите фирми е да се испраќа електронски весник со интересни прашања. Читателите ги читаат и се вклучуваат во дискусија. Доколку ги примените гореспоменатите сугестии, ќе бидете пријатно изненадени кога ќе примате реакции од читателите или кога ќе се вклучат во одредена дискусија.

Размислете за намалување на должината и фреквенцијата на испраќање
Доколку започнете да се мачите со обезбедување содржини за секој број, тогаш размислете дали треба да ја намалите фреквенцијата на испраќање и/или должината на електронскиот весник.

Во издаваштвото нема поправка за ваков чекор. Читателите си го ценат просторот во нивното сандаче. Доколку не обезбедувате постојано интересни и релеватни информации за нив, тие брзо го губат интересот за вашиот електронски весник. Не само што ги игнорираат безличните содржини туку и се засилува чувството дека добиваат несакана електронска пошта. Следниот логичен чекор е маркирање на пораката и испраќање во папката за спам пораки.

Затоа намалете ја фреквенцијата или должината на вашиот електронски весник на ниво на кое можете да гарантирате одржување стандардни и конзистентни содржини на подолг рок.

Aвтор: Дејан Спасески

Категории: e-mail маркетинг, Дејан Спасевски

За авторот:

Reader Interactions

Остави коментар Cancel reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Primary Sidebar

Последни Постови

  • Светските компании ги чуваат своите најскапи ресурси
  • Дали на компаниите им е потребен психолог и зошто?
  • Жените – најмалку искористен светски ресурс
  • Војна за таленти
  • Компаниите сè поагресивни во привлекувањето таленти

Категории

  • Автори (184)
    • Aфродита Кермичиева Пановска (5)
    • Јована Петровска (2)
    • Александар Делев (5)
    • Александра Марковска (1)
    • Алма Хот (12)
    • Ана Салтирова Давидовски (19)
    • Ана Чучкова (5)
    • Благица Ризоска (5)
    • Благоја Грубор (9)
    • Борис Ефтимовски (2)
    • Брајан Трејси (3)
    • Валентин Јуриќ (2)
    • Весна Алексовска (9)
    • Виктор Куновски (7)
    • Гордана Андоновска (6)
    • Гордана Гоџо (3)
    • Дејан Спасевски (18)
    • Дијана Клекар (1)
    • Драган Шутевски (6)
    • Емилија Али (2)
    • Жарко Конески (2)
    • Зоран Лукач (1)
    • Коста Мицковски (6)
    • Лидија Зорба (1)
    • Маја Смилевска (3)
    • Марија Мојсоска (3)
    • Марина Анчевска (3)
    • Матеј Томажин (2)
    • Милан Новковски (6)
    • Мирослав Драганов (1)
    • Митко Керамитчиев (1)
    • Наташа Ивановска (4)
    • Нела Јолеска (2)
    • Павле Зимбаков (4)
    • Роберт Проданоски (4)
    • Славчо Бујароски (1)
    • Снежана Какуринова (4)
    • Тања Николова Маневска (5)
    • Тања Чачорова Илиевска (2)
    • Теодор Алексов (2)
    • Томислав Трајков (5)
  • Преземено од (88)
    • Global HR (2)
    • Web Marketing Today (1)
    • Јошевски Консалтинг (2)
    • Вработување NEWS (29)
    • Неделен магазин Капитал (52)
    • Таргет списание (2)
  • Теми (257)
    • Деловни вештини (172)
      • e-mail маркетинг (9)
      • Бизнис (17)
      • Деловна комуникација (6)
      • Лидерство (8)
      • Маркетинг (27)
      • Менаџмент (32)
      • Мотивација на вработени (6)
      • Мрежен маркетинг (1)
      • Организациска култура (6)
      • Претприемништво (9)
      • Продажба (20)
      • Тимска Работа (17)
      • Финансии (2)
      • Човечки ресурси (24)
    • Живот (22)
      • Јога (7)
      • Љубов (2)
      • Деца (4)
      • Здравје (3)
      • Исхрана (4)
      • Семејство (1)
      • Фитнес (1)
    • Личен развој (62)
      • Емоционална интелигенција (2)
      • Интелигенција (3)
      • Кариера (12)
      • Коучинг (1)
      • Личен раст и развој (2)
      • Лични финансии (8)
      • Образование (5)
      • Пензија (1)
      • Психологија (9)
      • Стрес (1)
      • Финансии и Инвестиции (5)
    • Разно (2)

Последни Коментари

  • Славчо Бујароски on Промени – основа за успешен развој на бизнисите
  • Славчо Бујароски on Промени – основа за успешен развој на бизнисите
  • Славчо Бујароски on Промени – основа за успешен развој на бизнисите
  • Славчо Бујароски on Промени – основа за успешен развој на бизнисите
  • Славчо Бујароски on Промени – основа за успешен развој на бизнисите

Архива

  • September 2023
  • April 2018
  • March 2018
  • August 2017
  • July 2017
  • May 2012
  • March 2012
  • February 2012
  • January 2012
  • December 2011
  • November 2011
  • October 2011
  • September 2011
  • August 2011
  • July 2011
  • June 2011
  • March 2011
  • February 2011
  • January 2011
  • December 2010
  • November 2010
  • October 2010

Statija.mk © 2025 ·