• Skip to main content
  • Skip to secondary menu
  • Skip to primary sidebar
  • Напиши статија
  • Регистрација
  • Контакт
  • Сервис
  • Услови за користење
  • Превземање

Статија

експерти на различни теми

  • Деловни вештини
    • Бизнис
    • Деловна комуникација
    • Лидерство
    • Маркетинг
    • Менаџмент
    • Мотивација на вработени
    • Мрежен маркетинг
    • Организациска култура
    • Претприемништво
    • Продажба
    • Тимска Работа
    • Финансии
    • Човечки ресурси
  • Личен развој
    • Биографија
    • Време
    • Емоционална интелигенција
    • Интелигенција
    • Кариера
    • Коучинг
    • Личен менаџмент
    • Лични финансии
    • Невербална комуникација
    • Невро-лингвистичко програмирање
    • Образование
    • Пензија
    • Пишување и говор
    • Психологија
    • Стрес
    • Уметност
  • Живот
    • Јога
    • Љубов
    • Алкохолизам
    • Вино
    • Деца
    • Диета
    • Здравје
    • Исхрана
    • Семејство
    • Фитнес
  • Разно
You are here: Home / Автори / Виктор Куновски / Зошто не ни идело, не ни иде и доколку не се промениме нема ни да ни тргне?

Зошто не ни идело, не ни иде и доколку не се промениме нема ни да ни тргне?

20.09.2023 Категории: Бизнис, Виктор Куновски

Доколку ги разгледате статистиките http://www.oecd.org/dataoecd/52/30/1940829.pdf за висината на странските директни инвестиции во Македонија од 1992 па наваму многу брзо ќе ви стане јасно дека на ова поле сме во трета лига, заедно со сите наши комшии и Хрватска, Босна, Молдавија.

Дури и во оваа група Македонија е една од најслабите играчи.
Моменталната влада направи некои корисни чекори во насока на подобрување на состојбата. Кампањата “Invest in Macedonia” која сè уште врти низ светските телевизии, средување на инфраструктурата во Бунарџик, формирање на посебна агенција за привлекување на странски директни инвестиции итн.
Сепак и покрај ентузијазамот, напорот и сработеното, конкретен напредок не е направен на ова поле. Во владата оправдувањето го бараат во ефектот на глобалната финансиска криза, но оваа е иста за сите во цел свет, не само за Македонија.

Сума сумарум, факт е дека не сме мрднале од мртвата точка на ова поле.

Бизнис стратегијата за економски раст и привлекување на странски директни инвестиции на оваа, а и на било која друга влада нема да успее сè додека нема промена и развој на културата на Македонските граѓани.

Бизнис стратегијата мора да е поврзана со трансформација на нашата култура инаку резултатите ќе останат исти.
Македонецот нема да живее подобро се додека не направи генерално трансформирање на својот карактер и национална култура.

Во претходните текстови Мерење на културниот капитал 1, 2 и 3 детално ја опишав ситуацијата.

Моменталната македонска култура е доминирана од девет парализирачки вредности кои едноставно го јадат духот на нашата економија и друштво во целост. Видете ја втората колона од оваа табела. http://www.no.net.mk/wp-content/uploads/2010/10/1078-Merenje-na-kulturen-kapital.png.

Од 100 најразлични вредности понудени на граѓаните девет најзастапени во нашата моментална култура се: невработеност, несигурна иднина, сиромаштија, корупција, бирократија, еколошко загадување, криминал, непотизам и обвинување.

Културата на еден народ не се гледа со голи очи, таа е како СТЕЛТ (технологија невидлива за радар). Но истата се чувствува, особено во бизнисот. Лимитирачките вредности го еродираат капиталот, го јадат како рак што го јаде телото на заболениот.
Непотизамот го уништува квалитетот, некомпетенцијата царува наместо одличноста, го деевалуира знаењето, ја намалува самодовербата на луѓето, ги брка најдобрите, го прави неконкурентен човечкиот потенцијал…

Бирократијата ги успорува процесите, ги прави поскапи производите и услугите, ги иритира луѓето. Една третина од македонскиот буџет оди на платите на неефикасната јавна администрација. Колку време, пари и енергија потрошивте лани за да добиете пасоши и за да го добиете она што ви следи како граѓанин на демократска држава. По лекари, по дозволи….?

Корупцијата, обвинувањата и останатите лимитирачки вредности го јадат трудот, капиталот и нашите пари. Сега замислете дека вие сте тој инвеститор со куферот пари и имате можност да инвестирате кај сакате. Од Македонија, преку Турција, до Кина, Холандија и цел свет. Би ги оставиле ли парите кај што ќе ви кородираат од првиот ден???

Вистинската промена и резултати во економијата и на полето на странски инвестиции ќе се случат само доколку работиме на промена на нашите вредности и култура. Истото се однесува и за културата во македонските компании.

Најдобрите компании се оние кои што имаат балансирана, позитивна компаниска култура и вредности. Истите не се оптоварени со голема организациска ентропија.

Ако не ја промениме нашата култура нема никогаш да ги
постигнеме нашите највисоки бизнис цели.

Кес Крутхоф, Извршен директор на УНИЛЕВЕР Бразил

Како да го постигнеме ова?

Првиот чекор е веќе направен. Македонија е прва држава во Југоисточна Европа која ја има измерено националната култура. Културата не е веќе невидлива, слабостите се пред нас. Посакуваната култура исто така е позната, граѓаните сакаат да видат можности за вработувања, грижа за идните генерации, квалитет на живеење, финансиска стабилност, мир, намалување на сиромаштијата, соработка, економски раст, еколошка свест и заштита на животната средина.

Потребнo е редефинирање на визијата на Македонската нација, системски лидершип и лидери кои се ориентирани кон “ние”, не кон “јас и мене”, лидери кои ќе прашуваат прашања од типот:
Која е цената на непотизамот, корупцијата и бирократијата?
Како да го искорениме непотизамот?

Како освен странски инвестиции да креираме можности за вработување?

Која е цената на еколошкото загадување по здравјето на граѓаните?

…итн, да не набројувам.

Владата неможе сама да се справи со големиот број на предизвици и проблеми. Потребни ни се лидери кои ќе ја мобилизираат целокупната креативна енергија, но и одговорност кај граѓаните. Обичниот човек мора да превземе одговорност за сопствените постапки и уделот кој го дава во општеството. За почеток нека ги постави горенаведените прашања во својата средина на работење и живеење.

Македонија е дел од глобалниот систем кој секавично се менува. Погледнете само што се случуваше во Египет на почетокот на 2001 година. Промената е тука и е неизбежна.

Можностите се две. Еволуција или (Р)еволуција.

Aвтор: Виктор Куновски е сопственик на консултантската куќа Коуч Ера и автор на книгата Values or Death. За повеќе детали околу управувањето со организациската култура и лидерските вредности, симнете ја неговата најнова книга на следниов линк www.skyisthelimit.org.

Категории: Бизнис, Виктор Куновски

За авторот:

Reader Interactions

Остави коментар Cancel reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Primary Sidebar

Последни Постови

  • Светските компании ги чуваат своите најскапи ресурси
  • Дали на компаниите им е потребен психолог и зошто?
  • Жените – најмалку искористен светски ресурс
  • Војна за таленти
  • Компаниите сè поагресивни во привлекувањето таленти

Категории

  • Автори (184)
    • Aфродита Кермичиева Пановска (5)
    • Јована Петровска (2)
    • Александар Делев (5)
    • Александра Марковска (1)
    • Алма Хот (12)
    • Ана Салтирова Давидовски (19)
    • Ана Чучкова (5)
    • Благица Ризоска (5)
    • Благоја Грубор (9)
    • Борис Ефтимовски (2)
    • Брајан Трејси (3)
    • Валентин Јуриќ (2)
    • Весна Алексовска (9)
    • Виктор Куновски (7)
    • Гордана Андоновска (6)
    • Гордана Гоџо (3)
    • Дејан Спасевски (18)
    • Дијана Клекар (1)
    • Драган Шутевски (6)
    • Емилија Али (2)
    • Жарко Конески (2)
    • Зоран Лукач (1)
    • Коста Мицковски (6)
    • Лидија Зорба (1)
    • Маја Смилевска (3)
    • Марија Мојсоска (3)
    • Марина Анчевска (3)
    • Матеј Томажин (2)
    • Милан Новковски (6)
    • Мирослав Драганов (1)
    • Митко Керамитчиев (1)
    • Наташа Ивановска (4)
    • Нела Јолеска (2)
    • Павле Зимбаков (4)
    • Роберт Проданоски (4)
    • Славчо Бујароски (1)
    • Снежана Какуринова (4)
    • Тања Николова Маневска (5)
    • Тања Чачорова Илиевска (2)
    • Теодор Алексов (2)
    • Томислав Трајков (5)
  • Преземено од (88)
    • Global HR (2)
    • Web Marketing Today (1)
    • Јошевски Консалтинг (2)
    • Вработување NEWS (29)
    • Неделен магазин Капитал (52)
    • Таргет списание (2)
  • Теми (257)
    • Деловни вештини (172)
      • e-mail маркетинг (9)
      • Бизнис (17)
      • Деловна комуникација (6)
      • Лидерство (8)
      • Маркетинг (27)
      • Менаџмент (32)
      • Мотивација на вработени (6)
      • Мрежен маркетинг (1)
      • Организациска култура (6)
      • Претприемништво (9)
      • Продажба (20)
      • Тимска Работа (17)
      • Финансии (2)
      • Човечки ресурси (24)
    • Живот (22)
      • Јога (7)
      • Љубов (2)
      • Деца (4)
      • Здравје (3)
      • Исхрана (4)
      • Семејство (1)
      • Фитнес (1)
    • Личен развој (62)
      • Емоционална интелигенција (2)
      • Интелигенција (3)
      • Кариера (12)
      • Коучинг (1)
      • Личен раст и развој (2)
      • Лични финансии (8)
      • Образование (5)
      • Пензија (1)
      • Психологија (9)
      • Стрес (1)
      • Финансии и Инвестиции (5)
    • Разно (2)

Последни Коментари

  • Славчо Бујароски on Промени – основа за успешен развој на бизнисите
  • Славчо Бујароски on Промени – основа за успешен развој на бизнисите
  • Славчо Бујароски on Промени – основа за успешен развој на бизнисите
  • Славчо Бујароски on Промени – основа за успешен развој на бизнисите
  • Славчо Бујароски on Промени – основа за успешен развој на бизнисите

Архива

  • September 2023
  • April 2018
  • March 2018
  • August 2017
  • July 2017
  • May 2012
  • March 2012
  • February 2012
  • January 2012
  • December 2011
  • November 2011
  • October 2011
  • September 2011
  • August 2011
  • July 2011
  • June 2011
  • March 2011
  • February 2011
  • January 2011
  • December 2010
  • November 2010
  • October 2010

Statija.mk © 2025 ·