• Skip to main content
  • Skip to secondary menu
  • Skip to primary sidebar
  • Напиши статија
  • Регистрација
  • Контакт
  • Сервис
  • Услови за користење
  • Превземање

Статија

експерти на различни теми

  • Деловни вештини
    • Бизнис
    • Деловна комуникација
    • Лидерство
    • Маркетинг
    • Менаџмент
    • Мотивација на вработени
    • Мрежен маркетинг
    • Организациска култура
    • Претприемништво
    • Продажба
    • Тимска Работа
    • Финансии
    • Човечки ресурси
  • Личен развој
    • Биографија
    • Време
    • Емоционална интелигенција
    • Интелигенција
    • Кариера
    • Коучинг
    • Личен менаџмент
    • Лични финансии
    • Невербална комуникација
    • Невро-лингвистичко програмирање
    • Образование
    • Пензија
    • Пишување и говор
    • Психологија
    • Стрес
    • Уметност
  • Живот
    • Јога
    • Љубов
    • Алкохолизам
    • Вино
    • Деца
    • Диета
    • Здравје
    • Исхрана
    • Семејство
    • Фитнес
  • Разно
You are here: Home / Автори / Снежана Какуринова / Зошто Европа заостанува зад САД во развој на претприемничката култура

Зошто Европа заостанува зад САД во развој на претприемничката култура

20.09.2023 Категории: Претприемништво, Снежана Какуринова

Според некои истражувања во Америка живеат повеќе од 10 милиони милионери. Шокантно е откритието дека Америка создава толку многу успешни луѓе. На што се должи тоа?

Alexis de Tosqueville, во своето дело Американска демократија забележува: „храброста на претпријатијата е најзначајната причина за брзиот развој на Америка, нејзината сила, и нејзината големина“ (Alexis de Tosqueville, Democracy in America, 1830). Ретко кој од познавачите на американската економијата и бизнисот не би се сложил со оваа констатација направена уште во 1830 година. Под храброст на претпријатијата Tosqueville подразбира „претприемништво, процес на иновирање, кој во услови на ризик и неизвесност води кон нов ризик“ (David Gray & Alexander Knonetzki, Honoring America’s Enterpreneurial Culture, 2006 ).

Малите фирми во САД успеваат поради претприемничката култура на нацијата. Претприемништвото е високо почитуван концепт кој е длабоко навлезен во многу области. Малите бизниси и претприемачи напредуваат одлично и се подготвени да се борат и да бидат конкурентни и успешни во денешната глобална економија. Америка има релативно слободен пазар и високо продуктивна работна сила. Овие претпријатија успеваат бидејќи регулативата и бариерите за превземање на ризик во САД се ниски. Капиталот е достапен и американскиот пазар ги наградува оние кои превземаат ризик и работат профитабилно.

Зошто земјите во Европа не покажуваат таков успех?

Спред Carl Schramm, претседател и извршен директор на Фондацијата Ewing Marion Kauffman, водечка институција во областа на претприемништвото, една од причините зошто САД креирале 30 милиони нови работни места во предходните две декади, а Европа не, е делумно затоа што европјаните не започнуваат сопствен бизнис масовно како што тоа го прават американците

Според тезите на Edmund S.Phelps, професор на Универзитетот во Колумбија и добитник на Нобелова награда за економија во 2006 година, основата на проблемите кај Европските земји лежи во недостигот на економски динамизам и стапката на успешно комерцијализирани иновации. Динамизмот на земјата, кој споро се менува, не се мери преку стапката на раст на кратки или средни патеки. Нивото на динамизам покажува колку е богата земјата со нови идеи и иновации кои можат да бидат профитабилни и колку е подготвена да процени и проба да произведе нови производи со нови методи кои ќе бидат лансирани на пазарот.

Причината за непостоењето на динамизам лежи во европскиот економски модел, кој се применува ако не во сите тогаш во поголемиот дел од земјите во Европа. Економскиот модел на земјата го детерминира нивото на динамизам, кој е решавачки за детерминирање на економските резултати на земјата. Онаму каде што има повеќе претприемнички активности и повеќе иновации, како и соодветни финансиски и менаџерски активности, има повеќе слободни работни места, кои се релативно исполнувачки и ангажирачки. Учеството се зголемува соодветно, а продуктивноста постепено расте.

Духот на стимулирање, решавање на проблеми, можност за одлучување и креативност, имаат влијание на динамизмот на земјата и на нејзините економски перформанси. Во оние земји каде тој дух е слаб, претприемничките активности се на ниско ниво.

Оттаму, националната култура на една земја има големо влијание врз националните економски показатели: продуктивноста, просперитетот и личниот развој. Излезот земјите во Европа треба да го бараат токму во реформирање на економските институциите и економската култура. Креирањето на Лисабонската агенда, укажува на напорите што Европа започна да ги прави во оваа насока.

Aвтор: М-р Снежана Какуринова е Сертифициран Менаџмент Консултант (CMC) и Извршен директор на Консалтинг и тренинг центар КЛУЧ. За повеќе информации посетете го веб порталот на http://www.key.com.mk.

Категории: Претприемништво, Снежана Какуринова

За авторот:

Reader Interactions

Остави коментар Cancel reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Primary Sidebar

Последни Постови

  • Светските компании ги чуваат своите најскапи ресурси
  • Дали на компаниите им е потребен психолог и зошто?
  • Жените – најмалку искористен светски ресурс
  • Војна за таленти
  • Компаниите сè поагресивни во привлекувањето таленти

Категории

  • Автори (184)
    • Aфродита Кермичиева Пановска (5)
    • Јована Петровска (2)
    • Александар Делев (5)
    • Александра Марковска (1)
    • Алма Хот (12)
    • Ана Салтирова Давидовски (19)
    • Ана Чучкова (5)
    • Благица Ризоска (5)
    • Благоја Грубор (9)
    • Борис Ефтимовски (2)
    • Брајан Трејси (3)
    • Валентин Јуриќ (2)
    • Весна Алексовска (9)
    • Виктор Куновски (7)
    • Гордана Андоновска (6)
    • Гордана Гоџо (3)
    • Дејан Спасевски (18)
    • Дијана Клекар (1)
    • Драган Шутевски (6)
    • Емилија Али (2)
    • Жарко Конески (2)
    • Зоран Лукач (1)
    • Коста Мицковски (6)
    • Лидија Зорба (1)
    • Маја Смилевска (3)
    • Марија Мојсоска (3)
    • Марина Анчевска (3)
    • Матеј Томажин (2)
    • Милан Новковски (6)
    • Мирослав Драганов (1)
    • Митко Керамитчиев (1)
    • Наташа Ивановска (4)
    • Нела Јолеска (2)
    • Павле Зимбаков (4)
    • Роберт Проданоски (4)
    • Славчо Бујароски (1)
    • Снежана Какуринова (4)
    • Тања Николова Маневска (5)
    • Тања Чачорова Илиевска (2)
    • Теодор Алексов (2)
    • Томислав Трајков (5)
  • Преземено од (88)
    • Global HR (2)
    • Web Marketing Today (1)
    • Јошевски Консалтинг (2)
    • Вработување NEWS (29)
    • Неделен магазин Капитал (52)
    • Таргет списание (2)
  • Теми (257)
    • Деловни вештини (172)
      • e-mail маркетинг (9)
      • Бизнис (17)
      • Деловна комуникација (6)
      • Лидерство (8)
      • Маркетинг (27)
      • Менаџмент (32)
      • Мотивација на вработени (6)
      • Мрежен маркетинг (1)
      • Организациска култура (6)
      • Претприемништво (9)
      • Продажба (20)
      • Тимска Работа (17)
      • Финансии (2)
      • Човечки ресурси (24)
    • Живот (22)
      • Јога (7)
      • Љубов (2)
      • Деца (4)
      • Здравје (3)
      • Исхрана (4)
      • Семејство (1)
      • Фитнес (1)
    • Личен развој (62)
      • Емоционална интелигенција (2)
      • Интелигенција (3)
      • Кариера (12)
      • Коучинг (1)
      • Личен раст и развој (2)
      • Лични финансии (8)
      • Образование (5)
      • Пензија (1)
      • Психологија (9)
      • Стрес (1)
      • Финансии и Инвестиции (5)
    • Разно (2)

Последни Коментари

  • Славчо Бујароски on Промени – основа за успешен развој на бизнисите
  • Славчо Бујароски on Промени – основа за успешен развој на бизнисите
  • Славчо Бујароски on Промени – основа за успешен развој на бизнисите
  • Славчо Бујароски on Промени – основа за успешен развој на бизнисите
  • Славчо Бујароски on Промени – основа за успешен развој на бизнисите

Архива

  • September 2023
  • April 2018
  • March 2018
  • August 2017
  • July 2017
  • May 2012
  • March 2012
  • February 2012
  • January 2012
  • December 2011
  • November 2011
  • October 2011
  • September 2011
  • August 2011
  • July 2011
  • June 2011
  • March 2011
  • February 2011
  • January 2011
  • December 2010
  • November 2010
  • October 2010

Statija.mk © 2025 ·