• Skip to main content
  • Skip to secondary menu
  • Skip to primary sidebar
  • Напиши статија
  • Регистрација
  • Контакт
  • Сервис
  • Услови за користење
  • Превземање

Статија

експерти на различни теми

  • Деловни вештини
    • Бизнис
    • Деловна комуникација
    • Лидерство
    • Маркетинг
    • Менаџмент
    • Мотивација на вработени
    • Мрежен маркетинг
    • Организациска култура
    • Претприемништво
    • Продажба
    • Тимска Работа
    • Финансии
    • Човечки ресурси
  • Личен развој
    • Биографија
    • Време
    • Емоционална интелигенција
    • Интелигенција
    • Кариера
    • Коучинг
    • Личен менаџмент
    • Лични финансии
    • Невербална комуникација
    • Невро-лингвистичко програмирање
    • Образование
    • Пензија
    • Пишување и говор
    • Психологија
    • Стрес
    • Уметност
  • Живот
    • Јога
    • Љубов
    • Алкохолизам
    • Вино
    • Деца
    • Диета
    • Здравје
    • Исхрана
    • Семејство
    • Фитнес
  • Разно
You are here: Home / Преземено од / Неделен магазин Капитал / Заборавете планирање, препуштете му се на пазарниот хаос

Заборавете планирање, препуштете му се на пазарниот хаос

20.09.2023 Категории: Бизнис, Неделен магазин Капитал

Џејсон Фрид и Дејвид Хенсон, основачите и директори на информатичката компанија ”37signals”, ги рушат сите досегашни бизнис- постулати: од планирањето и односот кон конкуренцијата до состаноците и работното време.

Некој да ви советува да престанете да правите долгорочни бизнис- планови, да ги укинете работните состаноци, да ја игнорирате конкуренцијата и да избегнувате странските вложувачи, ќе го послушате ли? Веројатно не, затоа што тоа нема врска со се што знаеме досега за бизнисот, има шанси дека лошо ќе поминете. А, авторите на овие идеи, Џејсон Фрид и неговиот деловен партнер Дејвид Хенсон, основачи и директори на информатичката компанија ”37signals” баш добро си поминуваат и своите искуства ги преточија во книгата Rework. Да нема забуна, овие млади претприемачи го живеат она што го проповедаат. ”37signals” е успешна компанија што произведува бизнис-интернет алатки. Но, не е возбудлива заради тоа, туку заради специфичниот начин на работа. Нејзиниот минималистички пристап кон капитализмот ги освои широките маси и придоби голем дел следбеници: нејзиниот блог Signals vs. noise го читаат стотици луѓе на ден.

Сакаат да останат мали

Хенсон се уште живееше во Копенхаген кога во 2001 година го запознал Фрид преку Интернет. Му понудил бесплатна помош во решавање на некои проблеми во програмата, а Фрид за возврат го вработил. Оттогаш пет години соработувале преку Интернет, оддалечени еден од друг седум часовни зони. Наскоро постигнале бројни успеси. Во 2004 година од нивната работилница 37signals излезе Basecamp, нивниот најпознат производ што го користат компании од сите профили, од мали до водечки светски корпорации. Истата година ја осмислиле веб-апликацијата Ruby on Rails, која што послужила како основа за мегастраниците Twitter и Hulu. Иако не објавуваат финансиски извештаи, се проценува дека нивната компанија со 16 вработени заработува по неколку милиони долари годишно. Таа може да биде и поголема, меѓутоа нејзините основачи упорно ги одбиваат надворешните инвеститори затоа што веруваат дека тие пари ќе ги расипат, исто како што луѓето поинаку се однесуваат кон изнајмениот автомобил за разлика од својот.

Досега ги придоби еден единствен инвеститор, Џеф Безос, основачот на Amazon.com. Откако го слушнал Фрид како зборува на една конференција, ги викнал момците на состанок и ги уверил дека никогаш нема да ги присилува да излезат на берза, да ја продадат компанијата или да им зборува како да си ја работат работата. За своето вложување не добил ниту едно место во одборот, затоа што 37signals нема одбор.

Програма за револуција

Rework е манифестот на Фрид и Хенсон за револуција. Тие ја презираат традиционалната бизнис-доктрина, нејзините деловни обичаи и цели. Според нив, време е за нов начин на водење бизнис. Првиот совет што го дава 37signals е отфрлање на долгорочното планирање.

“Големите долгорочни планови се застрашувачки. И обично се погрешни. Ако не ја предвидите добро иднината, планирањето има смисла само како ментална вежба. Толку многу работи се менуваат на пазарот секој ден на непредвидливи начини: пазарни услови, нови производи, конкуренти… Освен тоа, донесувањето на големи одлуки со ноќи ги држи луѓето будни, што воопшто не е здраво”, пишуваат во својата книга Фрид и Хенсон. Тие искрено признаваат дека своите одлуки го донесуваат во трк. Ако се прашуваат тие, и другите претприемачи би требало да бидат искрени, и ако веќе сакаат да се забавуваат со изработка на долгорочни стратегии, треба да ги наречат со вистинското име: долгорочно, стратешко и финансиско погаѓање и “можеби ќе бидне” стратегии. За нив неделниот план е сосема доволен. “Да се работи без план можеби се чини застрашувачки, но да работите според план што нема врска со реалноста, уште повеќе е страшно”, велат тие.

Работохоличарите се без врска

“Мразам состаноци”, вели Фрид. Затоа, канцелариските состаноци во 37signals се многу ретки. Освен што не сакаат состаноци, основачите на компанијата имаат рационално објаснување за тоа.

“Состаноците се многу скапи и се големо губење на време. Тие не чинат по еден час работен учинок, туку десет часа, за секој учесник по еден. На нив во една минута се пренесуваат многу малку корисни информации и секогаш ќе се најде некој идиот што пречи. Освен тоа, го расцепкуваат работниот ден и веќе немате време да бидете креативни, а креативните луѓе не се креативни по распоред”, велат Фрид и Хенсон. Тие порачуваат работниците да се остават на мир, и да не се прекинуваат во својата работа, затоа што тоа е најголем непријател на продуктивноста. Наместо состаноци, предлагаат употреба на алатки за мрежно комуницирање. Со нив на прашањата може да одговорите кога ќе стигнете, секој има пристап до секого, а да не мора сите да бидат на исто место. Затоа двајцата директори на 37signals не ги интересира каде и во кое време работат нивните луѓе, ниту со кое темпо. Не ги сакаат компаниите што ги третираат своите вработени како деца, им забрануваат користење на социјални мрежи, им ограничуваат употреба на Интернет и ги темпираат состаноците за да ги натераат продуктивно да работат осум часа. Како резултат, не добиваат продуктивност, туку фрустрации. Поголемиот дел работодавци се среќни кога после работното време ќе затекнат во фирмата вредни и амбициозни работници задлабочени во важни проекти. Таков некој да добие работа во 37signals ќе треба добро да го објасни своето присуство во празната канцеларија. Имено, “работохоличарите” не им се воопшто драги на Фрид и на Хенсон.

“Не само што работохоличарството не е потребно, тоа е и глупаво. Тоа што некој повеќе работи, не значи и дека повеќе ќе сработи или дека повеќе му значи фирмата. Работохоличарите не се јунаци, тие не го спасуваат денот, туку го трошат. Вистинските јунаци одамна се дома, затоа што проблемите ги решиле пред појадокот”, заклучуваат Фрид и Хенсон. Покрај тоа, работохоличарите се подложни на нагло согорување на работното место, а лоши се и за моралот, затоа што работниците што работат колку што треба, се чувстуваат лошо затоа што си одат дома пред овие првите.

Работете помалку од конкуренцијата

Конвенционалната мудрост за конкуренцијата вели дека соперникот треба да го надиграте. Ако тој вложува 500 илјади евра, вие треба да вложите 600 илјади; ако вработува 20 инженери, вие треба да ангажирате 25; ако произведува 15 земјоделски производи, вие одговорете со 18. Се е во надигрувањето. Токму тоа “над” е проблематичното, ако се прашуваат Фрид и Хенсон. Тие сметаат дека тоа е сосема непотребно. Не само што треба потполно да се игнорира конкуренцијата и да се тера по свое, туку паметно би било и да се работи помалку од неа. Произведувај помалку, вработувај помалку и вложувај помалку – тоа е вистинскиот пат. Гугл, Твитер, фотоапаратите “флип”, се примери токму за тоа. Мала, едноставна работа, која има помалку функции, но доволно добри, секогаш ќе најде публика, дури и глобални следбеници. Покрај тоа, нема потреба да избегнувате да војувате со конкуренцијата. Ако некој мисли дека неговиот конкурент е без врска, подобро му е тоа да го каже, затоа што на тој начин секој што се согласува со тоа автоматски застанува во борбените редови. Да се биде “анти нешто” е извонредно, особено кога компанијата се бори за свое место под сонцето. Автоматски се истакнува, а луѓето ќе бидат заинтриграни, затоа што, сите сакаат конфликтни ситуации. Apple се брендираше како антимајкрософт, “севен ап” (7UP) не е “кока-кола”. Сосема случајно, книгата Rework на Фрид и Хенсон се појави во продажба истовремено со новата книга на Карл Ров, Бушовиот виш советник и заменик шеф на кабинетот. Момците веднаш зазедоа борбен став објавувајќи на Youtube урнебесна реклама во која објаснуваат дека нивната книга е подобра, затоа што меѓу другото, помалку тежи, има сликички, побрзо се чита, заради што продуктивноста не трпи, а и двојно е поевтина.

Само профитот е важен

Советите што ги даваат во Rework, Фрид и Хенсон ги покажуват со сопствен пример. Хаос е веројатно единствениот збор што може да го објасни таквиот начин на работење во конвенционални категории. Триесет и пет годишниот Фрид го зграпчил и го капитализирал хаосот, а живее како и што работи. Како што опишал на блогот, не употребува будилник, наутро најпрвин пие чај и се опушта наместо веднаш да провери мејл. Понекогаш појадува, понекогаш не; понекогаш оди на работа, понекогаш не. Знае и по цела седмица да работи дома додека не му здодее. А, како тој, така и сите вработени. Голем дел од денот троши на размислување како да се поедностават некои комплицирани работи. Како во тој хаос воопшто може да се постигне деловен успех, ќе се запраша старата гарда. Едноставно – во 37signals една работа е постојано во фокусот: профитот.

Ми оди на нерви тоа што во денешно време успехот не се мери со профит туку според бројот на следбеници на Твитер или пријатели на Фејсбук. Профитот е важен, а не популарноста и големината, категоричен е Фрид

Преземено од: Неделен магазин Капитал.

Категории: Бизнис, Неделен магазин Капитал

За авторот:

Reader Interactions

Остави коментар Cancel reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Primary Sidebar

Последни Постови

  • Светските компании ги чуваат своите најскапи ресурси
  • Дали на компаниите им е потребен психолог и зошто?
  • Жените – најмалку искористен светски ресурс
  • Војна за таленти
  • Компаниите сè поагресивни во привлекувањето таленти

Категории

  • Автори (184)
    • Aфродита Кермичиева Пановска (5)
    • Јована Петровска (2)
    • Александар Делев (5)
    • Александра Марковска (1)
    • Алма Хот (12)
    • Ана Салтирова Давидовски (19)
    • Ана Чучкова (5)
    • Благица Ризоска (5)
    • Благоја Грубор (9)
    • Борис Ефтимовски (2)
    • Брајан Трејси (3)
    • Валентин Јуриќ (2)
    • Весна Алексовска (9)
    • Виктор Куновски (7)
    • Гордана Андоновска (6)
    • Гордана Гоџо (3)
    • Дејан Спасевски (18)
    • Дијана Клекар (1)
    • Драган Шутевски (6)
    • Емилија Али (2)
    • Жарко Конески (2)
    • Зоран Лукач (1)
    • Коста Мицковски (6)
    • Лидија Зорба (1)
    • Маја Смилевска (3)
    • Марија Мојсоска (3)
    • Марина Анчевска (3)
    • Матеј Томажин (2)
    • Милан Новковски (6)
    • Мирослав Драганов (1)
    • Митко Керамитчиев (1)
    • Наташа Ивановска (4)
    • Нела Јолеска (2)
    • Павле Зимбаков (4)
    • Роберт Проданоски (4)
    • Славчо Бујароски (1)
    • Снежана Какуринова (4)
    • Тања Николова Маневска (5)
    • Тања Чачорова Илиевска (2)
    • Теодор Алексов (2)
    • Томислав Трајков (5)
  • Преземено од (88)
    • Global HR (2)
    • Web Marketing Today (1)
    • Јошевски Консалтинг (2)
    • Вработување NEWS (29)
    • Неделен магазин Капитал (52)
    • Таргет списание (2)
  • Теми (257)
    • Деловни вештини (172)
      • e-mail маркетинг (9)
      • Бизнис (17)
      • Деловна комуникација (6)
      • Лидерство (8)
      • Маркетинг (27)
      • Менаџмент (32)
      • Мотивација на вработени (6)
      • Мрежен маркетинг (1)
      • Организациска култура (6)
      • Претприемништво (9)
      • Продажба (20)
      • Тимска Работа (17)
      • Финансии (2)
      • Човечки ресурси (24)
    • Живот (22)
      • Јога (7)
      • Љубов (2)
      • Деца (4)
      • Здравје (3)
      • Исхрана (4)
      • Семејство (1)
      • Фитнес (1)
    • Личен развој (62)
      • Емоционална интелигенција (2)
      • Интелигенција (3)
      • Кариера (12)
      • Коучинг (1)
      • Личен раст и развој (2)
      • Лични финансии (8)
      • Образование (5)
      • Пензија (1)
      • Психологија (9)
      • Стрес (1)
      • Финансии и Инвестиции (5)
    • Разно (2)

Последни Коментари

  • Славчо Бујароски on Промени – основа за успешен развој на бизнисите
  • Славчо Бујароски on Промени – основа за успешен развој на бизнисите
  • Славчо Бујароски on Промени – основа за успешен развој на бизнисите
  • Славчо Бујароски on Промени – основа за успешен развој на бизнисите
  • Славчо Бујароски on Промени – основа за успешен развој на бизнисите

Архива

  • September 2023
  • April 2018
  • March 2018
  • August 2017
  • July 2017
  • May 2012
  • March 2012
  • February 2012
  • January 2012
  • December 2011
  • November 2011
  • October 2011
  • September 2011
  • August 2011
  • July 2011
  • June 2011
  • March 2011
  • February 2011
  • January 2011
  • December 2010
  • November 2010
  • October 2010

Statija.mk © 2025 ·