• Skip to main content
  • Skip to secondary menu
  • Skip to primary sidebar
  • Напиши статија
  • Регистрација
  • Контакт
  • Сервис
  • Услови за користење
  • Превземање

Статија

експерти на различни теми

  • Деловни вештини
    • Бизнис
    • Деловна комуникација
    • Лидерство
    • Маркетинг
    • Менаџмент
    • Мотивација на вработени
    • Мрежен маркетинг
    • Организациска култура
    • Претприемништво
    • Продажба
    • Тимска Работа
    • Финансии
    • Човечки ресурси
  • Личен развој
    • Биографија
    • Време
    • Емоционална интелигенција
    • Интелигенција
    • Кариера
    • Коучинг
    • Личен менаџмент
    • Лични финансии
    • Невербална комуникација
    • Невро-лингвистичко програмирање
    • Образование
    • Пензија
    • Пишување и говор
    • Психологија
    • Стрес
    • Уметност
  • Живот
    • Јога
    • Љубов
    • Алкохолизам
    • Вино
    • Деца
    • Диета
    • Здравје
    • Исхрана
    • Семејство
    • Фитнес
  • Разно
You are here: Home / Автори / Томислав Трајков / Елементи на мрежниот маркетинг

Елементи на мрежниот маркетинг

20.09.2023 Категории: Бизнис, Менаџмент, Томислав Трајков

“Најбогатите луѓе трагаат по мрежи и ги градат истите, сите останати бараат работа. Можеш да ја имаш најдобрата идеја или производ, но тие ќе доживеат успех само ако имаш мрежа преку која луѓето ќе дознаат за нив и дистрибутивна мрежа која истите ќе ги продаде.”
Роберт Киосаки

За да функционира и биде применлив еден маркетиншки систем, вклучувајќи го и мрежниот маркетинг (мултилевел маркетинг), потребно е да почива на јасно дефинирани темели. Ова е основен предуслов за негово постојано надградување и подобрување. Во претходната статија ги посочив нивните специфичности и нивната синергична поврзаност што го прави овој маркетиншки систем компактен, додека во оваа статија ќе ги разгледаме основните елементи на мултилевел маркетинг системот и нивното значење во нормалното и олеснето функционирање на илјадници мултилевел маркетинг компании во светот. Секој мултилевел маркетинг систем е составен од основни и изведени елементи. Денес ќе зборуваме за основните.

Основните елементи на една МЛМ компанија се:

1. Организација
2. Продукт или услуга
3. Правила
4. Пазар
5. Соработници

1. Организацијата подразбира правен легитимитет и кредибилитет, како на глобалниот, така и на микро пазарот, со утврдена стратегија на работа, со дефинирани програми, услуги и продукти кои по принципите на мрежниот маркетинг се дистрибуираат на пазарот. Организацијата ги одредува правилата на работа, условите под кои се напредува во кариерата, начинот на вреднување на резултатите на соработниците, ги дефинира соработничките договори и е гарант за воспоставените правила пред соработниците и пред законот. Истовремено, таа е сервис за дистрибуција на продуктот или услугата, и за исплаќање на заработките, стимулациите и наградите, а посебно се грижи за оспособувањето и едуцирањето на соработниците кои на тоа имаат право според претходно утврдените правила на компанијата.

2. Продуктот или услугата е содржината што соработниците во мултилевел маркетинг компанијата ја дистрибуираат на пазарот. Соработниците во најголем дел од случаите се корисници и потрошувачи на продуктот или услугата, што често е првата инвестиција што истите ја прават за започнување на ваков тип на бизнис и влез во мултилевел маркетинг компанија. Во оваа точка мрежниот маркетинг се повикува на еден од неговите столбови, а тоа е препораката. Најдобар начин некого да го увериш во квалитетот на програмата, продуктот или услугата и со полн ентузијазам да ја нудиш истата е секако на база на личното искуство кое си го стекнал користејќи ја.

3. Правилата, како еден од основните елементи, ја одвојуваат мултилевел маркетинг компанијата од пирамидалните системи и игри, бидејќи се трајни, од јавен карактер за сите соработници, разбирливи и релативно лесно овозможуваат успех во кариерата. Истите важат за сите, без разлика на возраста, полот, нивото на образование, националната, верската или било каква друга припадност.

4. Пазарот е траен елемент на секој мрежен маркетинг. Може да се набљудува како повеќе меѓусебно испреплетени компоненти. Секоја програма има амбиции да прерасне во глобална, бидејќи земајќи ја предвид сопствената универзалност, не познава граници и може да се шири секаде каде што може да обезбеди соработници кои ја сервисираат. Ова зависи од многу фактори, меѓу кои доминантни се квалитетот на програмата, како и способноста и мотивираноста на соработникот за ширење на мрежата. Соработниците во една мултилевел маркетинг компанија првенствено го пробиваат пазарот кај своите познаници и пријатели, бидејќи кај нив уживаат поголем кредибилитет и полесно можат да ги уверат во квалитетот на програмата и услугите и продуктите што ги нуди истиот. Истовремено, развојот на технологијата овозможува по пат на интернет да се анимираат и вклучат во системот соработници од различни страни на светот, каде што се испреплетуваат интересите на компанијата и соработниците, со што се согледува големината на мрежниот маркетинг како универзален принцип на глобалниот пазар.

5. Соработниците се неопходен елемент на секој мултилевел маркетинг систем, бидејќи програмите функционираат врз основа на луѓето, кои задоволни од програмата и продуктите ги прифаќаат правилата на компанијата и стануваат нејзини соработници. Тие од корисници стануваат соработници и менаџери во мултилевел маркетинг компаниите. Целата философија се темели на мотивацијата на соработникот да биде најдобар, да ги оствари своите соништа и цели, добро да заработува и мултиплицирајќи ги своите знаења и искуства да постигне успешна кариера.

Aвтор: Томислав Трајков е овластен соработник на Синергија Плус – Прва Агенција за финансиска писменост во Македонија. За повеќе информации за како помудро со личните финансии посетете го веб порталот на http://www.sinergijaplus.com/

Категории: Бизнис, Менаџмент, Томислав Трајков

За авторот:

Reader Interactions

Остави коментар Cancel reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Primary Sidebar

Последни Постови

  • Светските компании ги чуваат своите најскапи ресурси
  • Дали на компаниите им е потребен психолог и зошто?
  • Жените – најмалку искористен светски ресурс
  • Војна за таленти
  • Компаниите сè поагресивни во привлекувањето таленти

Категории

  • Автори (184)
    • Aфродита Кермичиева Пановска (5)
    • Јована Петровска (2)
    • Александар Делев (5)
    • Александра Марковска (1)
    • Алма Хот (12)
    • Ана Салтирова Давидовски (19)
    • Ана Чучкова (5)
    • Благица Ризоска (5)
    • Благоја Грубор (9)
    • Борис Ефтимовски (2)
    • Брајан Трејси (3)
    • Валентин Јуриќ (2)
    • Весна Алексовска (9)
    • Виктор Куновски (7)
    • Гордана Андоновска (6)
    • Гордана Гоџо (3)
    • Дејан Спасевски (18)
    • Дијана Клекар (1)
    • Драган Шутевски (6)
    • Емилија Али (2)
    • Жарко Конески (2)
    • Зоран Лукач (1)
    • Коста Мицковски (6)
    • Лидија Зорба (1)
    • Маја Смилевска (3)
    • Марија Мојсоска (3)
    • Марина Анчевска (3)
    • Матеј Томажин (2)
    • Милан Новковски (6)
    • Мирослав Драганов (1)
    • Митко Керамитчиев (1)
    • Наташа Ивановска (4)
    • Нела Јолеска (2)
    • Павле Зимбаков (4)
    • Роберт Проданоски (4)
    • Славчо Бујароски (1)
    • Снежана Какуринова (4)
    • Тања Николова Маневска (5)
    • Тања Чачорова Илиевска (2)
    • Теодор Алексов (2)
    • Томислав Трајков (5)
  • Преземено од (88)
    • Global HR (2)
    • Web Marketing Today (1)
    • Јошевски Консалтинг (2)
    • Вработување NEWS (29)
    • Неделен магазин Капитал (52)
    • Таргет списание (2)
  • Теми (257)
    • Деловни вештини (172)
      • e-mail маркетинг (9)
      • Бизнис (17)
      • Деловна комуникација (6)
      • Лидерство (8)
      • Маркетинг (27)
      • Менаџмент (32)
      • Мотивација на вработени (6)
      • Мрежен маркетинг (1)
      • Организациска култура (6)
      • Претприемништво (9)
      • Продажба (20)
      • Тимска Работа (17)
      • Финансии (2)
      • Човечки ресурси (24)
    • Живот (22)
      • Јога (7)
      • Љубов (2)
      • Деца (4)
      • Здравје (3)
      • Исхрана (4)
      • Семејство (1)
      • Фитнес (1)
    • Личен развој (62)
      • Емоционална интелигенција (2)
      • Интелигенција (3)
      • Кариера (12)
      • Коучинг (1)
      • Личен раст и развој (2)
      • Лични финансии (8)
      • Образование (5)
      • Пензија (1)
      • Психологија (9)
      • Стрес (1)
      • Финансии и Инвестиции (5)
    • Разно (2)

Последни Коментари

  • Славчо Бујароски on Промени – основа за успешен развој на бизнисите
  • Славчо Бујароски on Промени – основа за успешен развој на бизнисите
  • Славчо Бујароски on Промени – основа за успешен развој на бизнисите
  • Славчо Бујароски on Промени – основа за успешен развој на бизнисите
  • Славчо Бујароски on Промени – основа за успешен развој на бизнисите

Архива

  • September 2023
  • April 2018
  • March 2018
  • August 2017
  • July 2017
  • May 2012
  • March 2012
  • February 2012
  • January 2012
  • December 2011
  • November 2011
  • October 2011
  • September 2011
  • August 2011
  • July 2011
  • June 2011
  • March 2011
  • February 2011
  • January 2011
  • December 2010
  • November 2010
  • October 2010

Statija.mk © 2025 ·