• Skip to main content
  • Skip to secondary menu
  • Skip to primary sidebar
  • Напиши статија
  • Регистрација
  • Контакт
  • Сервис
  • Услови за користење
  • Превземање

Статија

експерти на различни теми

  • Деловни вештини
    • Бизнис
    • Деловна комуникација
    • Лидерство
    • Маркетинг
    • Менаџмент
    • Мотивација на вработени
    • Мрежен маркетинг
    • Организациска култура
    • Претприемништво
    • Продажба
    • Тимска Работа
    • Финансии
    • Човечки ресурси
  • Личен развој
    • Биографија
    • Време
    • Емоционална интелигенција
    • Интелигенција
    • Кариера
    • Коучинг
    • Личен менаџмент
    • Лични финансии
    • Невербална комуникација
    • Невро-лингвистичко програмирање
    • Образование
    • Пензија
    • Пишување и говор
    • Психологија
    • Стрес
    • Уметност
  • Живот
    • Јога
    • Љубов
    • Алкохолизам
    • Вино
    • Деца
    • Диета
    • Здравје
    • Исхрана
    • Семејство
    • Фитнес
  • Разно
You are here: Home / Автори / Марија Мојсоска / Дигитален PR

Дигитален PR

20.09.2023 Категории: Марија Мојсоска, Маркетинг

Во теоријата на комуникациите, PR-от (Public Relations – Односи со Јавноста) сè уште се соочува со идентитетски проблеми од типот како точно да се дефинира фокусот, целта и дејноста на оваа бранша. Земајќи го предвид широкиот спектар на теми и полиња во кои оваа дејност се имплементира, лиферувањето прецизна и финална дефиниција сè уште претставува тешкотија. Сите досегашни обиди за финализирање на истата не постигнале консензус, а нивната најголема критика е поврзана со аплицирањето на ефектите од оваа бранша како основа за нејзиното дефинирање. Сепак една од најцитираните дефиниции пред сè во светот на академијата е онаа на Denny Griswold. Во слободен превод, „Public relations е функција на менаџментот која ги евалуира јавните ставови, ги идентификува полисите и процедурите од јавен интерес на една индивидуа или организација и планира и изработува акциони програми кои водат кон јавно прифаќање и разбирање на понуденото.“

Како и секоја друга бранша, и Односите со јавноста дополнително беа погодени во информатичкото доба, а револуционерната улога на World Wide Web-от сè повеќе зазема замав и во оваа дејност. Имено, иако интернетот за многумина сè уште претставува комплицирана технологија која ги промени начините на одвивање на комуникацијата, факт е дека тој наметна поголема транспарентност, разноликост, но и директност во комуникацијата.

Во тој поглед, таканаречениот PR 2.0 има две карактеристики. Првата се манифестира преку применување на најдобра пракса. Најдобрата пракса дозволува консументите да го перцепираат понудениот продукт онака како што индивидуата или компанијата посакува да биде виден. Додека втората се аплицира преку континуирано реевалуирање и ажурирање на информациите и преку еволуционо применување на дијалог помеѓу потрошувачите и публиката со компаниите преку onlinе комуникациските канали.
Во рамките на дигиталниот PR, како најзначајни активности и канали за имплементирање на најдобрата пракса, агенциите ги препознаваат следниве:

1. Креирање на виртуелна бренд заедница и

2. PR 2.0, кој опфаќа директни активности во виртуелната заедницата, креирање и објавување на новостите и советување преку новите општествени медиуми.

Примената на различни методи преку ефективни дигитални PR стратегии не само што овозможува промоција на производи, туку и сериозно придонесува за подобрување на корпоративниот углед на компанијата.

Консеквентно, сè поочигледен станува фактот дека социјалното вмрежување преминува во еден од најпрактичните начини на примена на PR-от во информатичкото општество. Имено, општествените групи нудат опција за подобрување, позиционирање и/или зацврстување на корпоративниот углед на организацијата и фирмата, преку проширување на своите активности и врз животната средина. При тоа корпорациите влијаат врз креирањето на колективната перцепција во нивната виртуелна бренд заедница.

Еден од најетаблираните брендови кој со децении успешно работи на пазарот и претставува релевантен пример за аплицирање на PR 2 e Nokia. Оваа фирма иницираше серија од активности поврзани со највлијателните блогови, но и преку сопствен блог се отвори кон својата публика.

Во својата кампања „connecting people” Nokia агресивно ја зголемува cyber заедницата при што интерактивно ги користи новите медиуми со цел ефективно и брзо да стигне до поголем број на ентузијасти, корисници на мобилни телефони. На просторот од својата Facebook група покрај активно имплементирање на маркетинг, Nokia дозволува учество во наградни игри, додека динамичното ажурирање на новитети дополнително ја ангажира cyber публиката да оценува и коментира.

Една од придобивките на новите медиуми е и транспарентното пласирање на активности поврзани со животната средина. Со организирање на разни акции како што е на пример „отвори УНИЦЕФ разгледница“ Nokia вложува во образованието на неразвиените подрачја. При тоа со секоја отворена карта Nokia донира сума на пари за подобрување на образованието во Африка. Донираната сума се објавува и јавно, со што Nokia го гради својот позитивен корпоративен углед, но и корпоративен имиџ како фирма која не е заинтересирана само за профит, туку е засегната и од разни општествени проблеми и придонесува за нивно надминување.

Nokia го користи LinkedIn да ги информира своите корисници на оваа мрежа за настаните кои ги организира. Flicker и Nokia ги обединија своите сили при што Nokia консументите ги публикуваат своите визуелни искуства и активно се инволвираат преку давање коментари и сл. И уште, Nokia повторно преку мотото „connecting people” поврзува луѓе преку општествената мрежа Xing.

Значи мудрото користење на Facebook, LinkedIn, Flicker и Xing освен што ја подобрува, позиционира и зацврстува корпоративната репутација и имиџ на оваа компанија, истовремено овие таканаречени алтернативни алатки за комуницирање и помагаат на креативен начин да допре до своите потрошувачи. Притоа Nokia го поттикнува развојот на креативниот капитал на своите вработени и континуирано, активно и динамично ја инволвира својата виртуелна публика.

Aвтор: Марија Мојсоска е овластен соработник на Синергија Плус – Прва Агенција за финансиска писменост во Македонија. За повеќе информации за како помудро со личните финансии посетете го веб порталот на http://www.sinergijaplus.com/

Категории: Марија Мојсоска, Маркетинг

За авторот:

Reader Interactions

Остави коментар Cancel reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Primary Sidebar

Последни Постови

  • Светските компании ги чуваат своите најскапи ресурси
  • Дали на компаниите им е потребен психолог и зошто?
  • Жените – најмалку искористен светски ресурс
  • Војна за таленти
  • Компаниите сè поагресивни во привлекувањето таленти

Категории

  • Автори (184)
    • Aфродита Кермичиева Пановска (5)
    • Јована Петровска (2)
    • Александар Делев (5)
    • Александра Марковска (1)
    • Алма Хот (12)
    • Ана Салтирова Давидовски (19)
    • Ана Чучкова (5)
    • Благица Ризоска (5)
    • Благоја Грубор (9)
    • Борис Ефтимовски (2)
    • Брајан Трејси (3)
    • Валентин Јуриќ (2)
    • Весна Алексовска (9)
    • Виктор Куновски (7)
    • Гордана Андоновска (6)
    • Гордана Гоџо (3)
    • Дејан Спасевски (18)
    • Дијана Клекар (1)
    • Драган Шутевски (6)
    • Емилија Али (2)
    • Жарко Конески (2)
    • Зоран Лукач (1)
    • Коста Мицковски (6)
    • Лидија Зорба (1)
    • Маја Смилевска (3)
    • Марија Мојсоска (3)
    • Марина Анчевска (3)
    • Матеј Томажин (2)
    • Милан Новковски (6)
    • Мирослав Драганов (1)
    • Митко Керамитчиев (1)
    • Наташа Ивановска (4)
    • Нела Јолеска (2)
    • Павле Зимбаков (4)
    • Роберт Проданоски (4)
    • Славчо Бујароски (1)
    • Снежана Какуринова (4)
    • Тања Николова Маневска (5)
    • Тања Чачорова Илиевска (2)
    • Теодор Алексов (2)
    • Томислав Трајков (5)
  • Преземено од (88)
    • Global HR (2)
    • Web Marketing Today (1)
    • Јошевски Консалтинг (2)
    • Вработување NEWS (29)
    • Неделен магазин Капитал (52)
    • Таргет списание (2)
  • Теми (257)
    • Деловни вештини (172)
      • e-mail маркетинг (9)
      • Бизнис (17)
      • Деловна комуникација (6)
      • Лидерство (8)
      • Маркетинг (27)
      • Менаџмент (32)
      • Мотивација на вработени (6)
      • Мрежен маркетинг (1)
      • Организациска култура (6)
      • Претприемништво (9)
      • Продажба (20)
      • Тимска Работа (17)
      • Финансии (2)
      • Човечки ресурси (24)
    • Живот (22)
      • Јога (7)
      • Љубов (2)
      • Деца (4)
      • Здравје (3)
      • Исхрана (4)
      • Семејство (1)
      • Фитнес (1)
    • Личен развој (62)
      • Емоционална интелигенција (2)
      • Интелигенција (3)
      • Кариера (12)
      • Коучинг (1)
      • Личен раст и развој (2)
      • Лични финансии (8)
      • Образование (5)
      • Пензија (1)
      • Психологија (9)
      • Стрес (1)
      • Финансии и Инвестиции (5)
    • Разно (2)

Последни Коментари

  • Славчо Бујароски on Промени – основа за успешен развој на бизнисите
  • Славчо Бујароски on Промени – основа за успешен развој на бизнисите
  • Славчо Бујароски on Промени – основа за успешен развој на бизнисите
  • Славчо Бујароски on Промени – основа за успешен развој на бизнисите
  • Славчо Бујароски on Промени – основа за успешен развој на бизнисите

Архива

  • September 2023
  • April 2018
  • March 2018
  • August 2017
  • July 2017
  • May 2012
  • March 2012
  • February 2012
  • January 2012
  • December 2011
  • November 2011
  • October 2011
  • September 2011
  • August 2011
  • July 2011
  • June 2011
  • March 2011
  • February 2011
  • January 2011
  • December 2010
  • November 2010
  • October 2010

Statija.mk © 2025 ·