• Skip to main content
  • Skip to secondary menu
  • Skip to primary sidebar
  • Напиши статија
  • Регистрација
  • Контакт
  • Сервис
  • Услови за користење
  • Превземање

Статија

експерти на различни теми

  • Деловни вештини
    • Бизнис
    • Деловна комуникација
    • Лидерство
    • Маркетинг
    • Менаџмент
    • Мотивација на вработени
    • Мрежен маркетинг
    • Организациска култура
    • Претприемништво
    • Продажба
    • Тимска Работа
    • Финансии
    • Човечки ресурси
  • Личен развој
    • Биографија
    • Време
    • Емоционална интелигенција
    • Интелигенција
    • Кариера
    • Коучинг
    • Личен менаџмент
    • Лични финансии
    • Невербална комуникација
    • Невро-лингвистичко програмирање
    • Образование
    • Пензија
    • Пишување и говор
    • Психологија
    • Стрес
    • Уметност
  • Живот
    • Јога
    • Љубов
    • Алкохолизам
    • Вино
    • Деца
    • Диета
    • Здравје
    • Исхрана
    • Семејство
    • Фитнес
  • Разно
You are here: Home / Преземено од / Web Marketing Today / Вирален маркетинг

Вирален маркетинг

20.09.2023 Категории: Web Marketing Today, Маркетинг

Се согласувам дека терминот “вирален маркетинг” е чуден. Кажете им на другите дека и Вие се занимавате со Вирален Маркетинг и луѓето ќе се вратат неколку чекори наназад. И јас би се повратил. “Дали сеуште постои вакцина за ова?” Ќе се запрашате себеси. Непријатна работа е, и најобичен вирус може да биде смртна закана. Или нема да бидете мртви, ама ќе покажувате некакви знаци на живот. Ова сеуште е првата работа на која помислувате и која сеуште се појавува во катастрофите на вести и во хорор филмовите.

Но морате да се помирите со вирусот. Тој има одреден начин на живот во тајност се додека не се рашири во енормни количини. Тој се вгнездува кај другите носители или домаќини и ги користи нивните ресурси за да го прошири своето племе. И кога ќе најде погодната средина, одеднаш започнува да расте и да се шири експоненцијално. Вирусот дури и нема потреба да се пари за да се размножува – тој едноставно се реплицира, повторно и повторно со геометриски прогресивна моќ, удвојувајќи се себеси во секое свое следно повторување.

1
11
1111
11111111
1111111111111111
11111111111111111111111111111111

Само со неколку нови генерации, вирусот може да експлодира.

Дефиниција за Вирален Маркетинг
Што имаат заедничко вирусот и маркетингот? Виралниот маркетинг ја опишува секоја стратегија која поттикнува поединци да проследуваат маркетиншки пораки до други лица, притоа постигнувајќи експоненцијален пораст за гледањето на пораките и нивното влијание. Како и вирусите, овие стратегии земаат размери на рапидни размножувања со што пораки стигнуваат до илјадници или милиони приматели.

Надвор од интернетот, виралниот маркетинг е повеќе познат како “реклама од уста на уста”, “креирање buzz”, “мрежен маркетинг”. Но на интернет, подобро или полошо, тоа е наречено “вирален маркетинг”. Додека другите кои се попаметни од мене се потрудиле да го преименуваат, за да на некој начин го вдомат или приближат, јас не би се обидувал. Терминот “вирален маркетинг” се усвојува и останува.

Класичниот пример на Hotmail.com
Класичен пример на вирален маркетинг е Hotmail.com, еден од првите бесплатни веб базирани e-mail сервиси. Стратегијата е едноставна:

1. Понудете бесплатна e-mail адреса или сервис
2. Прикачете едноставна порака на дното на секоја бесплатна порака која се испраќа: “Земете си приватен, бесплатен email на http://www.hotmail.com” и,
3. Седнете и чекајте додека луѓето ги праќаат своите пораки до своите контакти или пријатели,
4. Секој што ќе ја види пораката,
5. Се пријавува за сопствена бесплатна e-mail адреса и потоа
6. Пораката се проследува уште повеќе во други кругови на пријатели и контакти.

Како мали бранови кои се прошируваат од мало камче фрлено во вода, внимателно дизајниран вирален маркетинг може да започне да се шири екстремно брзо.

Елементи на стратегија на Вирален Маркетинг

Треба да го прифатиме овој факт. Некои стратегии на вирален маркетинг работат подобро од други, а само неколку работат толку добро како едноставната стратегија на Hotmail.com. Подолу се дадени шест елементи кои би требало да ги вклучиме во вашата стратегија. Стратегија за вирален маркетинг не треба да ги содржи СИТЕ овие елементи, но колку повеќе елементи се здружат, ефектот ќе биде помоќен. За ефективна стратегија на вирален маркетинг потребно е да:

1. Да се подаруваат продукти или услуги
2. Да се обезбеди лесен начин на трансфер до другите
3. Брзо се зголемува
4. Покрива заеднички мотивации и трендови
5. Применува постоечки комуникациски мрежи
6. Ги користи предностите на туѓи ресурси

Да го испитаме секој од овие елементи подетално.

1. Да се подаруваат продукти или услуги
“Бесплатен” е најмоќниот збор во речникот на маркетингот. Најголемиот дел од програмите за вирален маркетинг даваат вредни продукти или услуги за да привлечат внимание. Бесплатни e-mail сервиси, бесплатни информации, бесплатни “cool” копчиња, бесплатни софтверски програми кои извршуваат корисни функции но не толку многу колку што ќе добиете во “комплетната” верзија. Вилсоновиот втор закон за Веб Маркетинг е “Законот за давање и продавање” (http://www.wilsonweb.com/wmta/basic-principles.htm). “Евтино” или “не скапо” побудува бран на интерес, но терминот “бесплатно” често има многу побрз ефект. Виралниот маркетинг практикува одложени придобивки. Со него можеби нема да се профитира денес или утре, но доколку се успее да се генерира значителен интерес од нешто што е бесплатно, јасно е дека тоа ќе носи профит “наскоро и до крајот на нивните живот”. Стрпете се пријатели мои. Бесплатното го привлекува окото. Окото потоа ќе види уште неколку други посакувани работи кои ги продаваме, и тогаш започнуваме да заработуваме пари. Окото носи корисни e-mail адреси од посетителите, приходи од рекламирање и можност за e-commerce продажба. Давањето на еден продукт на подарок, носи продажба на уште еден друг продукт во пакет со подарокот.

2. Да се обезбеди лесен начин на трансфер до другите
Медицинските лица од јавните здравствени установи честопати излегуваат со препораки во сезоната на зарази: држете се настрана од луѓе кои кашлаат, мијте ги вашите раце почесто, и не ги допирајте очите, носот или устата со рацете. Вирусите се шират само кога можат лесно да се пренесат. Средината која ги носи вашите маркетинг пораки мора да биде лесна за пренос и репликација: e-mail порака, веб сајт, слика, симнување на софтвер. Виралниот маркетинг најдобро работи на интернет поради брзата комуникација која стана лесна и евтина за користење. Дигиталниот формат на пораките го прави копирањето уште полесно. Од маркетинг гледна точка, потребно е да ја поедноставите за да може лесно да се пренесува и без деградација. Краткото е подобро. Класичната порака е: “Земете си приватен, бесплатен email на http://www.hotmail.com”. Пораката е неодолива, минимизирана и копирана на дното на секоја бесплатна e-mail порака.

3. Брзо се зголемува до мал до многу голем
За да пораката се прошири како пожар, методот на пренос треба да биде брзорастечки од мал до многу голем. Слабоста на моделот на Hotmail е што бесплатниот e-mail сервис бара да имате сопствени сервери за електронска пошта за да ја пренесувате пораката. Доколку оваа стратегија станува неверојатно успешна, серверите би требало да се постават многу брзо, во спротивно брзиот раст значително ќе опадне или целосно ќе изумре. Доколку вирусот се умножува за да го убие домаќинот на кој живее, тогаш ништо не се постигнува. Но доколку, многу порано сме ги предвиделе серверите и имаме начин на кој можете да ги поставиме или прошириме, во тој случај сме успеале. Потребно е да обезбедиме постојан раст на нашиот вирален модел.

4. Покрива заеднички мотивации и трендови
Смислените планови за вирален маркетинг ги користат предностите на заедничките мотивации на луѓето. Што порачуваa “Netscape Now” копчињата во раните почетови на интернетот? Желбата да се биде кул. Алчноста ги води луѓето. Исто како гладот за луѓето да бидат популарни, сакани или разбрани. Како резултат на оваа порака на Netscape продуцирани се милиони веб сајтови и милијарди e-mail пораки. Дизајнирањето маркетинг стратегија и која се надградува на заеднички мотивации на луѓето за да полесно се пренесува и ќе се постигне полн погодок.

5. Применува постоечки комуникациски мрежи
Најголемиот дел од луѓето се дружељубиви. Чудните студенти заклучени во своите подруми и седнати пред своите компјутери се исклучоци. Социјалните научници утврдиле дека секое лице има мрежа од 8 дo 12 други лица во своето блиско опкружување од пријатели, фамилија и познаници. Пошироката мрежа на секој од нас може да се состои од бројни, стотици и илјадници луѓе, во зависност од положбата во општеството. Еден келнер на пример, може регуларно да комуницира со стотици муштерии во текот на една седмица. Мрежниот маркетинг добро ја има разбрано моќта на овие мрежи на познанства, како силните и затворени мрежи, така и слабите мрежни врски. Луѓето на интернет развиваат мрежни врски, исто така. Тие прибираат e-mail адреси и адреси од омилен веб сајтови. Програмите за афилијација ги искористуваат ваквите мрежи и креираат e-mail листи со претходна согласност на корисниците. Научете како да ја вметнете вашата порака во посточеката комуникација помеѓу луѓето и значително брзо ќе ја зголемите нејзината дисперзија.

6. Ги користи предностите на туѓи ресурси
Најкреативните планови за вирален маркетинг ги користат ресурсите на другите, за да се чуе нивниот збор. Програмите за афилијација, на пример, вметнуваат текст или цртеж со линк до други веб страници. Авторите кои даваат подароци, бараат начин како нивните информации да ги вметнат на други веб сајтови. Новото издание може да се симне и погледне меѓу стотици други периодични статии, кои може во базата да се погледнат или прочитаа од илјадници читатели. Така друг весник или веб сајт може успешно да ја пренесува вашата маркетинг порака. Вмрежувањето со други веб сајтови може да биде многу покорисно отколку кога сте сами.

Автор: Dr. Ralph F. Wilson, E-Commerce Consultant

Превземено од: Web Marketing Today

Категории: Web Marketing Today, Маркетинг

За авторот:

Reader Interactions

Остави коментар Cancel reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Primary Sidebar

Последни Постови

  • Светските компании ги чуваат своите најскапи ресурси
  • Дали на компаниите им е потребен психолог и зошто?
  • Жените – најмалку искористен светски ресурс
  • Војна за таленти
  • Компаниите сè поагресивни во привлекувањето таленти

Категории

  • Автори (184)
    • Aфродита Кермичиева Пановска (5)
    • Јована Петровска (2)
    • Александар Делев (5)
    • Александра Марковска (1)
    • Алма Хот (12)
    • Ана Салтирова Давидовски (19)
    • Ана Чучкова (5)
    • Благица Ризоска (5)
    • Благоја Грубор (9)
    • Борис Ефтимовски (2)
    • Брајан Трејси (3)
    • Валентин Јуриќ (2)
    • Весна Алексовска (9)
    • Виктор Куновски (7)
    • Гордана Андоновска (6)
    • Гордана Гоџо (3)
    • Дејан Спасевски (18)
    • Дијана Клекар (1)
    • Драган Шутевски (6)
    • Емилија Али (2)
    • Жарко Конески (2)
    • Зоран Лукач (1)
    • Коста Мицковски (6)
    • Лидија Зорба (1)
    • Маја Смилевска (3)
    • Марија Мојсоска (3)
    • Марина Анчевска (3)
    • Матеј Томажин (2)
    • Милан Новковски (6)
    • Мирослав Драганов (1)
    • Митко Керамитчиев (1)
    • Наташа Ивановска (4)
    • Нела Јолеска (2)
    • Павле Зимбаков (4)
    • Роберт Проданоски (4)
    • Славчо Бујароски (1)
    • Снежана Какуринова (4)
    • Тања Николова Маневска (5)
    • Тања Чачорова Илиевска (2)
    • Теодор Алексов (2)
    • Томислав Трајков (5)
  • Преземено од (88)
    • Global HR (2)
    • Web Marketing Today (1)
    • Јошевски Консалтинг (2)
    • Вработување NEWS (29)
    • Неделен магазин Капитал (52)
    • Таргет списание (2)
  • Теми (257)
    • Деловни вештини (172)
      • e-mail маркетинг (9)
      • Бизнис (17)
      • Деловна комуникација (6)
      • Лидерство (8)
      • Маркетинг (27)
      • Менаџмент (32)
      • Мотивација на вработени (6)
      • Мрежен маркетинг (1)
      • Организациска култура (6)
      • Претприемништво (9)
      • Продажба (20)
      • Тимска Работа (17)
      • Финансии (2)
      • Човечки ресурси (24)
    • Живот (22)
      • Јога (7)
      • Љубов (2)
      • Деца (4)
      • Здравје (3)
      • Исхрана (4)
      • Семејство (1)
      • Фитнес (1)
    • Личен развој (62)
      • Емоционална интелигенција (2)
      • Интелигенција (3)
      • Кариера (12)
      • Коучинг (1)
      • Личен раст и развој (2)
      • Лични финансии (8)
      • Образование (5)
      • Пензија (1)
      • Психологија (9)
      • Стрес (1)
      • Финансии и Инвестиции (5)
    • Разно (2)

Последни Коментари

  • Славчо Бујароски on Промени – основа за успешен развој на бизнисите
  • Славчо Бујароски on Промени – основа за успешен развој на бизнисите
  • Славчо Бујароски on Промени – основа за успешен развој на бизнисите
  • Славчо Бујароски on Промени – основа за успешен развој на бизнисите
  • Славчо Бујароски on Промени – основа за успешен развој на бизнисите

Архива

  • September 2023
  • April 2018
  • March 2018
  • August 2017
  • July 2017
  • May 2012
  • March 2012
  • February 2012
  • January 2012
  • December 2011
  • November 2011
  • October 2011
  • September 2011
  • August 2011
  • July 2011
  • June 2011
  • March 2011
  • February 2011
  • January 2011
  • December 2010
  • November 2010
  • October 2010

Statija.mk © 2025 ·