• Skip to main content
  • Skip to secondary menu
  • Skip to primary sidebar
  • Напиши статија
  • Регистрација
  • Контакт
  • Сервис
  • Услови за користење
  • Превземање

Статија

експерти на различни теми

  • Деловни вештини
    • Бизнис
    • Деловна комуникација
    • Лидерство
    • Маркетинг
    • Менаџмент
    • Мотивација на вработени
    • Мрежен маркетинг
    • Организациска култура
    • Претприемништво
    • Продажба
    • Тимска Работа
    • Финансии
    • Човечки ресурси
  • Личен развој
    • Биографија
    • Време
    • Емоционална интелигенција
    • Интелигенција
    • Кариера
    • Коучинг
    • Личен менаџмент
    • Лични финансии
    • Невербална комуникација
    • Невро-лингвистичко програмирање
    • Образование
    • Пензија
    • Пишување и говор
    • Психологија
    • Стрес
    • Уметност
  • Живот
    • Јога
    • Љубов
    • Алкохолизам
    • Вино
    • Деца
    • Диета
    • Здравје
    • Исхрана
    • Семејство
    • Фитнес
  • Разно
You are here: Home / Автори / Тања Чачорова Илиевска / Видови имот

Видови имот

20.09.2023 Категории: Тања Чачорова Илиевска, Финансии и Инвестиции

Што се претставува имот?

Од дамнешни времиња, од појавата на размена на добра и размена на трудот кај човекот како рационално битие се создава потребата за стекнување на имот. Правото на имот или сопственост е едно од основните економски права кои ја обезбедуваат економската положба и сигурност на човекот во заедницата, во општеството.

Сфаќањето за сопственост и режимот на сопственоста во секое општество, во најголема мера, го определува соодветното општествено-економско уредување, односно Уставот со кој тоа уредување се воспоставува.

Уставот на Република Македонија, имотот односно сопственоста ја утврдува како категорија која создава и права и обврски за сопственикот, што значи дека е од интерес и на граѓанинот, но истовремено е интерес и на целата заедница. Уставот на Република Македонија, не само сопственоста, туку и правото на сопственост, го гарантира како „свето и неприкосновено право“ на граѓаните (член 30 и 31 од Уставот), достапно за секој под услови и начин предвидени и уредени со Закон. Ограничувањето на правото на сопственост е допуштено само во една ситуација која исто така е предвидена со Уставот, а тоа е само тогаш кога се работи за јавен интерес утврден со Закон, односно кога ограничувањето на сопственоста е во служба на легитимен јавен (или општ) интерес или цел (член 1 од Протоколот бр. 1 од Европската Конвенција за човекови права). Што се однесува пак до правната заштита на имотот односно сопственоста, таа се гарантира со Закон и со меѓународни прописи.

Имотот во однос на човекот, видови имот и стекнување имот

Имотот за оној кој го поседува, значи „сигурност“, „благосостојба“, „располагање“, „плодоуживање“, „богатство“…со еден збор, можност за финансиска слобода.

Кога зборуваме за имот, првата асоцијација за имот е опипливо, материјално добро во форма на движен имот (автомобил, велосипед, покуќнина, накит…) и недвижен имот (земјиште, куќа, стан). Меѓутоа, концептот на имот или сопственост, од аспект на правното регулирање на стекнувањето и заштитата на имотот, опфаќа цел спектар на економски интереси (материјални и нематеријални интереси), како што се: недвижен имот, движен имот, право на закуподавецот на наемнина, хартии од вредност (акции, обврзници, удели во инвестициски фондови), економски интереси поврзани со управување со некаков бизнис, приход од network marketing, итн.

Сите видови на имот во однос на човекот, имаат едно заедничко, а тоа е фактот дека имот е се она што не храни, што ни создава приход, што ни обезбедува благосостојба.

Како да стекнам имот? Кој вид на имот е најдобро да го поседувам? Кој вид на имот ми е најсигурен? Дали имам пари да инвестирам?…, се прашања и размислувања кои ги измачуваат поголемиот дел од луѓето. Но, дали е потребно толку многу да губиме енергија размислувајќи за овие нешта? Вистинскиот одговор е Не.

Доколку сепак се пронајдете себе си во онаа категорија на луѓе кои мислат дека не можат да обезбедат доволно пари за да стекнат имот, или пак дека е премногу ризично да инвестираат, дека е најдобро парите да се чуваат за “црни денови“, време е да станете помудри и да почнете да го живеете менталниот склоп на богатите луѓе. Како? Дали е тоа возможно? Да, доколку решите да станете покреативни и финансиски се описмените.

Најголемата лага кажана за богатството е дека со поголема плата ќе станеш побогат. „Само сиромавиот работи за пари“ – велел Аристотел Оназис.

Во ерата на информации во која живееме парите растат експоненцијално. Има луѓе кои станале многу богати само од идеја и договори, искористувајќи ја најголемата актива што ја поседуваат – својот ум. Добро обучен, финансиски поткован ум, има идеја како да создаде имот.

Еве една идеја за инвестирање, прифатлива дури и за оние кои немаат на располагање големи финансиски средства во моментот – Инвестирајте во удели во отворени инвестициски фондови (ОИФ).

Зошто?
Заради тоа што:
• За оваа инвестиција Ви е потребен низок почетен капитал;
• Професионалниот менаџмент во ОИФ знае како подобро да ги оплоди Вашите пари;
• ОИФ имаат зголемена инвестициона моќ што овозможува широка дисперзија на вложувањата и диверзификација на ризикот,
• Ризикот е среден до низок,
• Целосна ликвидност,
• Средна до висока добивка на долг рок.

Законска регулатива за издавање и продажба на удели и откуп на удели во отворените инвестициски фондови

Работењето на ОИФ, управувањето со нив, издавањето и продажбата на уделите и откуп на истите е уредено со Законот за инвестициски фондови („Службен весник на Република Македонија“ бр. 12/2009).

ОИФ претставува посебен имот, без својство на правно лице, сочинет од здружени парични средства на инвеститорите со кои за сметка на инвеститорите управува Друштво за Управување со Фондови (ДУФ) – професионален менаџмент во согласност со условите назначени во Проспектот, кој претходно е одобрен од Комисијата за хартии од вредност (Комисијата). Комисијата врши редовни и вонредни контроли над работењето на ДУФ.

Инвестирањето во ОИФ се врши исклучиво преку купување на удели, што ги издава Фондот, со уплата на парични средства, со што купувачот на удели (инвеститорот) заснова договорен однос со ДУФ. Секој инвеститор има право на сразмерен дел од добивката на ОИФ и во секое време има право да побара исплата на дел или сите свои удели кога сака да истапи од Фондот.

Продажбата на уделите во ОИФ ја врши ДУФ-от, а можат да ја вршат и правни лица кои склучуваат договор за посредување со ДУФ и тоа:
• овластена банка согласно Законот за банките;
• брокерска куќа со дозвола за работа добиена од Комисијата и
• подружница на странска брокерска куќа која има добиено дозвола за работа од Комисијата.

Продажба односно откуп на уделите не е дозволено да се врши во износ помал од моменталната важечка цена по удел, која варира зависно од промената на нето вредноста на имотот на фондот, пресметана на начин пропишан од Комисијата. Продажбата на уделите се врши по цена која е утврдена на денот на кој е извршена уплатата на сметката на Фондот, зголемена за влезен надоместок, доколку истиот се наплатува. ДУФ ги откупува уделите на сопствениците во рок од 7 календарски дена од приемот на барањето за откуп, по цена што одговара на вредноста на уделот утврдена првиот нареден ден на процена по поднесување на барањето за откуп на уделот. Средствата од откупот на удели му се исплатуваат на сметка на сопственикот на откупените удели. Ова се најважните работи кои е добро да се знаат доколку одберете да инвестирате во оваа форма на имот. Изборот е секогаш само Ваш!

Aвтор: Tања Чачорова Илиевска е овластен соработник на Синергија Плус – Прва Агенција за финансиска писменост во Македонија. За повеќе информации за како помудро со личните финансии посетете го веб порталот на http://www.sinergijaplus.com/

Категории: Тања Чачорова Илиевска, Финансии и Инвестиции

За авторот:

Славчо Бујароски е директор и сопственик на Сигма-СБ, компанија за производство и имплементација на деловен софтвер. За повеќе информации посетете ја веб страната на www.sigmasb.com.mk

Reader Interactions

Остави коментар Cancel reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Primary Sidebar

Последни Постови

  • Светските компании ги чуваат своите најскапи ресурси
  • Дали на компаниите им е потребен психолог и зошто?
  • Жените – најмалку искористен светски ресурс
  • Војна за таленти
  • Компаниите сè поагресивни во привлекувањето таленти

Категории

  • Автори (184)
    • Aфродита Кермичиева Пановска (5)
    • Јована Петровска (2)
    • Александар Делев (5)
    • Александра Марковска (1)
    • Алма Хот (12)
    • Ана Салтирова Давидовски (19)
    • Ана Чучкова (5)
    • Благица Ризоска (5)
    • Благоја Грубор (9)
    • Борис Ефтимовски (2)
    • Брајан Трејси (3)
    • Валентин Јуриќ (2)
    • Весна Алексовска (9)
    • Виктор Куновски (7)
    • Гордана Андоновска (6)
    • Гордана Гоџо (3)
    • Дејан Спасевски (18)
    • Дијана Клекар (1)
    • Драган Шутевски (6)
    • Емилија Али (2)
    • Жарко Конески (2)
    • Зоран Лукач (1)
    • Коста Мицковски (6)
    • Лидија Зорба (1)
    • Маја Смилевска (3)
    • Марија Мојсоска (3)
    • Марина Анчевска (3)
    • Матеј Томажин (2)
    • Милан Новковски (6)
    • Мирослав Драганов (1)
    • Митко Керамитчиев (1)
    • Наташа Ивановска (4)
    • Нела Јолеска (2)
    • Павле Зимбаков (4)
    • Роберт Проданоски (4)
    • Славчо Бујароски (1)
    • Снежана Какуринова (4)
    • Тања Николова Маневска (5)
    • Тања Чачорова Илиевска (2)
    • Теодор Алексов (2)
    • Томислав Трајков (5)
  • Преземено од (88)
    • Global HR (2)
    • Web Marketing Today (1)
    • Јошевски Консалтинг (2)
    • Вработување NEWS (29)
    • Неделен магазин Капитал (52)
    • Таргет списание (2)
  • Теми (257)
    • Деловни вештини (172)
      • e-mail маркетинг (9)
      • Бизнис (17)
      • Деловна комуникација (6)
      • Лидерство (8)
      • Маркетинг (27)
      • Менаџмент (32)
      • Мотивација на вработени (6)
      • Мрежен маркетинг (1)
      • Организациска култура (6)
      • Претприемништво (9)
      • Продажба (20)
      • Тимска Работа (17)
      • Финансии (2)
      • Човечки ресурси (24)
    • Живот (22)
      • Јога (7)
      • Љубов (2)
      • Деца (4)
      • Здравје (3)
      • Исхрана (4)
      • Семејство (1)
      • Фитнес (1)
    • Личен развој (62)
      • Емоционална интелигенција (2)
      • Интелигенција (3)
      • Кариера (12)
      • Коучинг (1)
      • Личен раст и развој (2)
      • Лични финансии (8)
      • Образование (5)
      • Пензија (1)
      • Психологија (9)
      • Стрес (1)
      • Финансии и Инвестиции (5)
    • Разно (2)

Последни Коментари

  • Славчо Бујароски on Промени – основа за успешен развој на бизнисите
  • Славчо Бујароски on Промени – основа за успешен развој на бизнисите
  • Славчо Бујароски on Промени – основа за успешен развој на бизнисите
  • Славчо Бујароски on Промени – основа за успешен развој на бизнисите
  • Славчо Бујароски on Промени – основа за успешен развој на бизнисите

Архива

  • September 2023
  • April 2018
  • March 2018
  • August 2017
  • July 2017
  • May 2012
  • March 2012
  • February 2012
  • January 2012
  • December 2011
  • November 2011
  • October 2011
  • September 2011
  • August 2011
  • July 2011
  • June 2011
  • March 2011
  • February 2011
  • January 2011
  • December 2010
  • November 2010
  • October 2010

Statija.mk © 2025 ·