• Skip to main content
  • Skip to secondary menu
  • Skip to primary sidebar
  • Напиши статија
  • Регистрација
  • Контакт
  • Сервис
  • Услови за користење
  • Превземање

Статија

експерти на различни теми

  • Деловни вештини
    • Бизнис
    • Деловна комуникација
    • Лидерство
    • Маркетинг
    • Менаџмент
    • Мотивација на вработени
    • Мрежен маркетинг
    • Организациска култура
    • Претприемништво
    • Продажба
    • Тимска Работа
    • Финансии
    • Човечки ресурси
  • Личен развој
    • Биографија
    • Време
    • Емоционална интелигенција
    • Интелигенција
    • Кариера
    • Коучинг
    • Личен менаџмент
    • Лични финансии
    • Невербална комуникација
    • Невро-лингвистичко програмирање
    • Образование
    • Пензија
    • Пишување и говор
    • Психологија
    • Стрес
    • Уметност
  • Живот
    • Јога
    • Љубов
    • Алкохолизам
    • Вино
    • Деца
    • Диета
    • Здравје
    • Исхрана
    • Семејство
    • Фитнес
  • Разно
You are here: Home / Автори / Роберт Проданоски / Билбордот како ефикасна маркетинг алатка и паметна инвестиција

Билбордот како ефикасна маркетинг алатка и паметна инвестиција

20.09.2023 Категории: Маркетинг, Роберт Проданоски

Билбордот како маркетинг алатка први го примениле Американците и на почетокот тоа било обична дрвена табла со рекламна порака. Подоцна е направен со осветлување со што и ноќе се овозможува достапност на рекламната порака.

Се претпоставува дека поимот билборд (billboard) потекнува од два збора и тоа BILL – сметка и BOARD – табла или заедно табла која се плаќа односно табла за изнајмување.

Како маркетинг средство билбордот е достапен секаде и во секој час, а рекламната порака останува на екранот со полно работно време и тоа 365 дена во годината, по сонце и дожд, снег и ветар. Тој треба да биде импозантен, впечатлив, видлив и запамтен од најголемиот број минувачи. Дизајниран е така да го привлече вниманието на потенцијалните потрошувачи и корисници на услугите. Затоа што повеќе луѓе сакаат брзи информации, рекламирањето преку билборд е ефективна алатка бидејќи тој нуди едноставно и концизно решение, и исто така е ефикасна инвестиција.

Билбордот од страна на компаниите повеќе се користи во последните неколку години. Постои еден многу важен податок а тоа е дека денес во Америка има 53% повеќе автомобили во споредба со бројот на автомобили пред 30 години, што значи дека денес 93% од Американците обрнуваат внимание на билбордите за да добијат информација за некој производ или бизнис.

Еден значителен факт што рекламирањето на билборд го прави многу ефикасен за разлика од другите опции за рекламирање (реклама во весник, преку флаери, на телевизија и сл.) претставува цената. На пример рекламирањето на билборд ќе чини 80% помалку отколку да се избере телевизиска реклама. Секој сопственик на бизнис, за да заработи пари треба да вложи во него. Се поставува прашањето зошто сопствениците да не трошат пари на нешто што може да работи 24 часа на ден, 7 дена во неделата?

Изборот на билборд кој се наоѓа на место каде што не е прегледен и нема голема фрекфетност на минувачи нема да даде многу добар поврат на инвестицијата. Локацијата треба да биде првиот избор и затоа се одлучува да се закупат билборди на големи сообраќајници бидејќи доколку не постојат очи да гледаат во рекламната порака нема ни да има ефект, а инвестицијата ке биди неисплатлива.

Новото динамично време ни диктира сè повеќе да сме изложени на реклами на билборди. Рекламирањето на билбордот претставува убедлива стратегија затоа што како никој друг медиум не вознемирува. Напротив ненаметливо, а сепак провокативно со својот специфичен слоган на рекламниот постер изработен од колоритни бои ги анимира идните потрошувачи и корисници на услугите на компаниите кои се рекламираат.

Слоганот треба да е краток и лесен за читање затоа што потенцијалните клиенти имаат само еден краток момент да го посветат своето внимание и драгоцено време за рекламата на компанијата.

Друга важна работа што треба да се запамети е тоа што на рекламниот постер на билбордот покрај брилијантната порака за клиентите треба да има и некоја информација за контакт како адреса на фирмата, телефонски број, веб сајт и сл. Доколку ги нема овие информации може да дојде до губење на профитот наместо до реализација.

Промовирањето на производ, услуга или идеја преку рекламирање на билборди, но знаејќи како да се користат правилно, ќе ги направи работите полесни за компаниите и без сомневање има многу високи шанси за постигнување на нивните деловни цели.

Значително мнозинство од Американците веруваат дека придобивките од билбордите ги надминуваат сите трошоци поврзани со нив.

Извештајот на сеопфатната анализа на професорот по маркетинг д-р Чарлс Р. Тејлор открива:
• 85% од Американците сметаат дека билбордите се корисни за патниците (информираат за цените и достапноста на производите и услугите како што се гас, храна и сместување);
• 83% сметаат дека билбордите се информативни;
• 82% мислат дека преку билбордите може да им се помогне на бизнисите да привлечат клиенти и да се отворат нови работни места;
• 79% се противат да се забрани поставување и користење на билбордите.

Рекламирањето на билборд се употребува од секој бизнис кој што води сметка за својот имиџ!!!

Aвтор: Роберт Проданоски е апсолвент на “Економски факултет” во Прилеп. Раководи со билборди поставени на сопствен плац. За контакт можете да му пишете на неговата адреса r.prodanoski (at) gmail.com

Категории: Маркетинг, Роберт Проданоски

За авторот:

Reader Interactions

Остави коментар Cancel reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Primary Sidebar

Последни Постови

  • Светските компании ги чуваат своите најскапи ресурси
  • Дали на компаниите им е потребен психолог и зошто?
  • Жените – најмалку искористен светски ресурс
  • Војна за таленти
  • Компаниите сè поагресивни во привлекувањето таленти

Категории

  • Автори (184)
    • Aфродита Кермичиева Пановска (5)
    • Јована Петровска (2)
    • Александар Делев (5)
    • Александра Марковска (1)
    • Алма Хот (12)
    • Ана Салтирова Давидовски (19)
    • Ана Чучкова (5)
    • Благица Ризоска (5)
    • Благоја Грубор (9)
    • Борис Ефтимовски (2)
    • Брајан Трејси (3)
    • Валентин Јуриќ (2)
    • Весна Алексовска (9)
    • Виктор Куновски (7)
    • Гордана Андоновска (6)
    • Гордана Гоџо (3)
    • Дејан Спасевски (18)
    • Дијана Клекар (1)
    • Драган Шутевски (6)
    • Емилија Али (2)
    • Жарко Конески (2)
    • Зоран Лукач (1)
    • Коста Мицковски (6)
    • Лидија Зорба (1)
    • Маја Смилевска (3)
    • Марија Мојсоска (3)
    • Марина Анчевска (3)
    • Матеј Томажин (2)
    • Милан Новковски (6)
    • Мирослав Драганов (1)
    • Митко Керамитчиев (1)
    • Наташа Ивановска (4)
    • Нела Јолеска (2)
    • Павле Зимбаков (4)
    • Роберт Проданоски (4)
    • Славчо Бујароски (1)
    • Снежана Какуринова (4)
    • Тања Николова Маневска (5)
    • Тања Чачорова Илиевска (2)
    • Теодор Алексов (2)
    • Томислав Трајков (5)
  • Преземено од (88)
    • Global HR (2)
    • Web Marketing Today (1)
    • Јошевски Консалтинг (2)
    • Вработување NEWS (29)
    • Неделен магазин Капитал (52)
    • Таргет списание (2)
  • Теми (257)
    • Деловни вештини (172)
      • e-mail маркетинг (9)
      • Бизнис (17)
      • Деловна комуникација (6)
      • Лидерство (8)
      • Маркетинг (27)
      • Менаџмент (32)
      • Мотивација на вработени (6)
      • Мрежен маркетинг (1)
      • Организациска култура (6)
      • Претприемништво (9)
      • Продажба (20)
      • Тимска Работа (17)
      • Финансии (2)
      • Човечки ресурси (24)
    • Живот (22)
      • Јога (7)
      • Љубов (2)
      • Деца (4)
      • Здравје (3)
      • Исхрана (4)
      • Семејство (1)
      • Фитнес (1)
    • Личен развој (62)
      • Емоционална интелигенција (2)
      • Интелигенција (3)
      • Кариера (12)
      • Коучинг (1)
      • Личен раст и развој (2)
      • Лични финансии (8)
      • Образование (5)
      • Пензија (1)
      • Психологија (9)
      • Стрес (1)
      • Финансии и Инвестиции (5)
    • Разно (2)

Последни Коментари

  • Славчо Бујароски on Промени – основа за успешен развој на бизнисите
  • Славчо Бујароски on Промени – основа за успешен развој на бизнисите
  • Славчо Бујароски on Промени – основа за успешен развој на бизнисите
  • Славчо Бујароски on Промени – основа за успешен развој на бизнисите
  • Славчо Бујароски on Промени – основа за успешен развој на бизнисите

Архива

  • September 2023
  • April 2018
  • March 2018
  • August 2017
  • July 2017
  • May 2012
  • March 2012
  • February 2012
  • January 2012
  • December 2011
  • November 2011
  • October 2011
  • September 2011
  • August 2011
  • July 2011
  • June 2011
  • March 2011
  • February 2011
  • January 2011
  • December 2010
  • November 2010
  • October 2010

Statija.mk © 2025 ·