• Skip to main content
  • Skip to secondary menu
  • Skip to primary sidebar
  • Напиши статија
  • Регистрација
  • Контакт
  • Сервис
  • Услови за користење
  • Превземање

Статија

експерти на различни теми

  • Деловни вештини
    • Бизнис
    • Деловна комуникација
    • Лидерство
    • Маркетинг
    • Менаџмент
    • Мотивација на вработени
    • Мрежен маркетинг
    • Организациска култура
    • Претприемништво
    • Продажба
    • Тимска Работа
    • Финансии
    • Човечки ресурси
  • Личен развој
    • Биографија
    • Време
    • Емоционална интелигенција
    • Интелигенција
    • Кариера
    • Коучинг
    • Личен менаџмент
    • Лични финансии
    • Невербална комуникација
    • Невро-лингвистичко програмирање
    • Образование
    • Пензија
    • Пишување и говор
    • Психологија
    • Стрес
    • Уметност
  • Живот
    • Јога
    • Љубов
    • Алкохолизам
    • Вино
    • Деца
    • Диета
    • Здравје
    • Исхрана
    • Семејство
    • Фитнес
  • Разно
You are here: Home / Автори / Гордана Гоџо / Финансиска писменост

Финансиска писменост

20.09.2023 Категории: Гордана Гоџо, Лични финансии

„Човекот се раѓа слободен; а насекаде е во окови. Се замислува дека е над останатите, а всушност е поголем роб од нив“
Жан Жак Русо

Што е финансиска писменост?

Финансиската писменост е најважна алатка за секој кој има намера да стане сопственик на бизнис или професионален инвеститор. Софистицираниот инвеститор треба да биде во состојба да прочита многубројни финансиски документи, пред се извештаите како биланс на успех и биланс на состојба. Денешниот сложен пазар на финансиски услуги им нуди на клиентите широк спектар на производи и начини да ги остварат своите финансиски потреби. Овој степен на избор изискува клиентите да бидат опремени со знаење и вештини да ги оценат опциите и да ги идентификуваат оние кои најмногу им служат на нивните потреби и услови. Финансиската писменост е особено потребна да им помогне на клиентите да разберат како да се заштитат од влегување во трансакции кои се финансиски деструктивни.

Да се биде финансиски писмен не значи само да се биде успешен во градење на бизнис или во инвестирање во хартии од вредност. Секоја индивидуа која заработува, по дефиниција и троши. Една група луѓе трошат колку што заработуваат. Тоа е секако подобро отколку да се задолжуваат, но дали овие луѓе се сигурни во иднината? Дали се сигурни во своето работно место? Што ако утре го изгубат? Втората, секако се оние кои живеат над своите можности и се задолжуваат без да водат сметка за тоа дали е тоа воопшто потребно и дали се во можност да ги враќаат кредитите. Третата, и најретка група луѓе се оние кои мислат на својата иднина и инвестираат во неа. Тие се сметаат за финансиски поинтелигентни и писмени луѓе кои управуваат со своите пари така што умот создава пари, имотот купува имот, бизнисот купува бизнис. За нив не важи правилото: потребни се пари за да се заработи.

Како се стекнува финансиска писменост?

Дали сте слушнале за правилото 90/10? Тоа значи дека 10% од луѓето заработуваат 90% од богатството во светот. 90% од луѓето живеат во финансиски окови. Знаете ли зошто? Одговорот е едноставен: припаѓаат на третата група финансиски интелигентни луѓе.

Запрашајте се Вие самите дали знаете точно колку заработувате, а колку трошите секој месец? Дали трошите повеќе отколку што заработувате? Ако да, веројатно сте задолжени? Дали сепак можете да се воздржите од некаков трошок овој месец и да заштедите? Верувајте, не Ви требаат големи финансиски средства за да влезете во третата група на финансиски поинтелигентни луѓе. Штедењето е вовед во финансиска благосостојба, но илузорно е да очекувате дека доколку и секој ден јадете конзерви и паштети и тргате настрана помала сума пари, ќе се збогатите.

Започнете со промена на начинот на размислување. Одговорете си на прашањето: Што да направам за ги зголемам приходите?

Синергија Плус е прва и единствена агенција за финансиска писменост во Република Македонија. Нашето заедничко применливо искуство во Македонија како и нашата стручна спремност се сплотени заедно со нашиот изграден систем на вредности со цел создавање на практичен систем на неформално образование кој го надополнува она што било пропуштено во формалното.

Во делот на финансиската писменост Синергија Плус верува во враќање на традиционалните македонски вредности на домаќинлак, штедење и трудољубивост. Почитување и повторно вреднување на мудроста на најстарите генерации, мудростите кои важеа како систем на вредности во времето на нашите дедовци и прадедовци. Прифаќање на практичната мудрост на новите генерации и практично применување на се она што е долгорочно издржливо во постоечкиот систем на функционирање на светот на финансиите. Примена на практичната мудрост во личните финансии.

Aвтор: Гордана Гоџо е овластен соработник на Синергија Плус – Прва Агенција за финансиска писменост во Македонија. За повеќе информации за како помудро со личните финансии посетете го веб порталот на http://www.sinergijaplus.com/

Категории: Гордана Гоџо, Лични финансии

За авторот:

Reader Interactions

Остави коментар Cancel reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Primary Sidebar

Последни Постови

  • Светските компании ги чуваат своите најскапи ресурси
  • Дали на компаниите им е потребен психолог и зошто?
  • Жените – најмалку искористен светски ресурс
  • Војна за таленти
  • Компаниите сè поагресивни во привлекувањето таленти

Категории

  • Автори (184)
    • Aфродита Кермичиева Пановска (5)
    • Јована Петровска (2)
    • Александар Делев (5)
    • Александра Марковска (1)
    • Алма Хот (12)
    • Ана Салтирова Давидовски (19)
    • Ана Чучкова (5)
    • Благица Ризоска (5)
    • Благоја Грубор (9)
    • Борис Ефтимовски (2)
    • Брајан Трејси (3)
    • Валентин Јуриќ (2)
    • Весна Алексовска (9)
    • Виктор Куновски (7)
    • Гордана Андоновска (6)
    • Гордана Гоџо (3)
    • Дејан Спасевски (18)
    • Дијана Клекар (1)
    • Драган Шутевски (6)
    • Емилија Али (2)
    • Жарко Конески (2)
    • Зоран Лукач (1)
    • Коста Мицковски (6)
    • Лидија Зорба (1)
    • Маја Смилевска (3)
    • Марија Мојсоска (3)
    • Марина Анчевска (3)
    • Матеј Томажин (2)
    • Милан Новковски (6)
    • Мирослав Драганов (1)
    • Митко Керамитчиев (1)
    • Наташа Ивановска (4)
    • Нела Јолеска (2)
    • Павле Зимбаков (4)
    • Роберт Проданоски (4)
    • Славчо Бујароски (1)
    • Снежана Какуринова (4)
    • Тања Николова Маневска (5)
    • Тања Чачорова Илиевска (2)
    • Теодор Алексов (2)
    • Томислав Трајков (5)
  • Преземено од (88)
    • Global HR (2)
    • Web Marketing Today (1)
    • Јошевски Консалтинг (2)
    • Вработување NEWS (29)
    • Неделен магазин Капитал (52)
    • Таргет списание (2)
  • Теми (257)
    • Деловни вештини (172)
      • e-mail маркетинг (9)
      • Бизнис (17)
      • Деловна комуникација (6)
      • Лидерство (8)
      • Маркетинг (27)
      • Менаџмент (32)
      • Мотивација на вработени (6)
      • Мрежен маркетинг (1)
      • Организациска култура (6)
      • Претприемништво (9)
      • Продажба (20)
      • Тимска Работа (17)
      • Финансии (2)
      • Човечки ресурси (24)
    • Живот (22)
      • Јога (7)
      • Љубов (2)
      • Деца (4)
      • Здравје (3)
      • Исхрана (4)
      • Семејство (1)
      • Фитнес (1)
    • Личен развој (62)
      • Емоционална интелигенција (2)
      • Интелигенција (3)
      • Кариера (12)
      • Коучинг (1)
      • Личен раст и развој (2)
      • Лични финансии (8)
      • Образование (5)
      • Пензија (1)
      • Психологија (9)
      • Стрес (1)
      • Финансии и Инвестиции (5)
    • Разно (2)

Последни Коментари

  • Славчо Бујароски on Промени – основа за успешен развој на бизнисите
  • Славчо Бујароски on Промени – основа за успешен развој на бизнисите
  • Славчо Бујароски on Промени – основа за успешен развој на бизнисите
  • Славчо Бујароски on Промени – основа за успешен развој на бизнисите
  • Славчо Бујароски on Промени – основа за успешен развој на бизнисите

Архива

  • September 2023
  • April 2018
  • March 2018
  • August 2017
  • July 2017
  • May 2012
  • March 2012
  • February 2012
  • January 2012
  • December 2011
  • November 2011
  • October 2011
  • September 2011
  • August 2011
  • July 2011
  • June 2011
  • March 2011
  • February 2011
  • January 2011
  • December 2010
  • November 2010
  • October 2010

Statija.mk © 2025 ·