Статија.Мк отворена за сите
По повод двегодишнината од постоењето на Водич за Неформално Образование, во Мај 2011 година ги отворивме страниците на Статија.Мк и оттогаш сме достапни сите Вас кои сте заинтересирани за објавување на Ваши статии.
Ве покануваме да нè контактирате за соработка и да се приклучите на останатите триесетина автори, чии статии се веќе објавени на овој веб сајт. Статиите кои сакате да ни ги испратите може да бидат нови, необјавени или статии веќе објавени во други медиуми.
За подетални информации за условите за објавување на статиите, контактирајте нè на:
Регистрација за автори
Сите лица што се заинтересирани да објавуваат статии на Статија.мк, претходно треба да се регистрираат. За регистрација на авторите потребно е да се пополни формулар и да се уплати членарина. За започнување на процесот на регистрација, потребно е заинтересираните лица да испратат порака на:
Потоа ќе Ви испратиме порака со формулар и детални инструкции и услови.
Како автори на статии може да се јават исклучиво физички лица. Покрај нив може да бидат наведени и правните лица или организации кои тие ги застапуваат.
Повеќе инструкции и препораки за пишување и поднесување на статии имате на следните линкови:
Водич за пишување и формат на статии
Услови за одобрување статии за објавување
Препораки за поднесување статии
Регистрација за читатели
Статија.мк не поседува email листа за дистрибуција на информација за новообјавените содржини на овој веб сајт. Сите читатели кои сакаат редовно да добиваат информации за нови содржини, може да се пријават за добивање на електронскиот весник на No.Net.Mk кој објавува новости од веб страната на Водич за Неформално Образование и линкови од новообјавените статии на Статија.мк.
Доколку сакате да се пријавите за електронскиот весник на нашиот партнерски веб сајт No.Net.Mk, потребно е да испратите порака на:
Повеќе информации за нашиот партнер можете да најдете на веб страницаta на No.Net.Mk.