• Skip to main content
  • Skip to secondary menu
  • Skip to primary sidebar
  • Напиши статија
  • Регистрација
  • Контакт
  • Сервис
  • Услови за користење
  • Превземање

Статија

експерти на различни теми

  • Деловни вештини
    • Бизнис
    • Деловна комуникација
    • Лидерство
    • Маркетинг
    • Менаџмент
    • Мотивација на вработени
    • Мрежен маркетинг
    • Организациска култура
    • Претприемништво
    • Продажба
    • Тимска Работа
    • Финансии
    • Човечки ресурси
  • Личен развој
    • Биографија
    • Време
    • Емоционална интелигенција
    • Интелигенција
    • Кариера
    • Коучинг
    • Личен менаџмент
    • Лични финансии
    • Невербална комуникација
    • Невро-лингвистичко програмирање
    • Образование
    • Пензија
    • Пишување и говор
    • Психологија
    • Стрес
    • Уметност
  • Живот
    • Јога
    • Љубов
    • Алкохолизам
    • Вино
    • Деца
    • Диета
    • Здравје
    • Исхрана
    • Семејство
    • Фитнес
  • Разно
You are here: Home / Автори / Ана Салтирова Давидовски / Интерното регрутирање како мотивациона алатка

Интерното регрутирање како мотивациона алатка

20.09.2023 Категории: Ана Салтирова Давидовски, Мотивација на вработени

Обезбедувањето на квалитетни луѓе е една од примарните цели на успешните организации и секако главната цел на секторот за човечки ресурси. Пополнувањето на слободното работно место со вистински кандидат претставува посебен предизвик за секторот за човечките ресурси. Согласно тоа секоја успешна организација гради и своја индивидуална стратегија за регрутирање и селекција на кадри за потребите на организацијата. Процесот на регрутирање и селекција се разликува од организација до организација и истиот може да се искористи и како мотивациона алатка.

Процесот на пополнување на работни места почнува со идентификување на потребите на организацијата, за потоа да се пристапи кон изнаоѓање на кандидати кои имаат способности, вештини, компетенции и лични карактеристики кои одговараат на потребите на организацијата како за моментално слободните работни места, така и за идните работни места кои се очекуваат да се отворат или да се ослободат. Умните организации ги планираат идните вработувања многу време пред вистински да се јави потреба за тоа.

Потенцијалните кандидати може да се бараат внатре во организацијата, интерно регрутирање или пак надвор од организацијата, екстерно регрутирање. Интерното регрутирање подразбира пополнување на работната позиција со постоечките потенцијали во организацијата т.е. со постојните вработени. Градењето на култура на внатрешно напредување т.е. подготвување и овозможување на вработените да се движат во нагорна линија по организациската структура овозможува позитивни ефекти на двете страни, од една страна организацијата, од друга страна вработениот.

Една од предностите на интерното регрутирање е тоа што кај вработените се зголемува степенот на мотивираност за работа и унапредување на своите компетенции. Кога организацијата овозможува напредување и го цени личното надоградување доаѓа до привлекување на вработените кои се високо мотивирани за следење на новините и учење за и од истите. Се развива организација која учи со и преку своите вработени, организација која е спремна за предизвикот поставен од промената. Од друга стана пак со интерното регрутирање се добиваат вработени кои се запознаени со визијата на организацијата, нејзината мисија, стратегија, цели, структура, вредности, норми… и процесот на социјализација на вработениот со новото работно место, запознавање со колегите, со правилата на однесување… сериозно се намалува, ако воопшто е и потребно. Неизоставен факт е дека потенцијалниот кандидат и е познат на организацијата и неговиот претпоставен е запознаен со способностите, вештините, компетенциите како и личните карактеристики на кандидатот и полесно може да определи дали истиот може да одговори за работното место за кое интерно аплицира. Важно е и тоа што се развива чувство на припадност кон организацијата и се дава до знаење на вработените дека организацијата се грижи за добрите вработени. Од друга страна за да во организацијата има вработени кои ќе можат да одговорат на потребите на организацијата, организацијата треба да направи план и програма за развој на вработени и тоа посебно за работните места кои не се „произведуваат“ во школските клупи туку е потребно да се развиваат низ работата.

Целта на секторот на човечки ресурси е да помогне, да посредува помеѓу вработените и топ менаџментот во организацијата за максимално искористување на човечките ресурси за остварување на интересите и целите на организацијата од една страна, а од друга страна исполнување на очекувањата и интересите на вработените.

Aвтор: м-р Ана Салтирова Давидовски

Категории: Ана Салтирова Давидовски, Мотивација на вработени

За авторот:

Reader Interactions

Остави коментар Cancel reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Primary Sidebar

Последни Постови

  • Светските компании ги чуваат своите најскапи ресурси
  • Дали на компаниите им е потребен психолог и зошто?
  • Жените – најмалку искористен светски ресурс
  • Војна за таленти
  • Компаниите сè поагресивни во привлекувањето таленти

Категории

  • Автори (184)
    • Aфродита Кермичиева Пановска (5)
    • Јована Петровска (2)
    • Александар Делев (5)
    • Александра Марковска (1)
    • Алма Хот (12)
    • Ана Салтирова Давидовски (19)
    • Ана Чучкова (5)
    • Благица Ризоска (5)
    • Благоја Грубор (9)
    • Борис Ефтимовски (2)
    • Брајан Трејси (3)
    • Валентин Јуриќ (2)
    • Весна Алексовска (9)
    • Виктор Куновски (7)
    • Гордана Андоновска (6)
    • Гордана Гоџо (3)
    • Дејан Спасевски (18)
    • Дијана Клекар (1)
    • Драган Шутевски (6)
    • Емилија Али (2)
    • Жарко Конески (2)
    • Зоран Лукач (1)
    • Коста Мицковски (6)
    • Лидија Зорба (1)
    • Маја Смилевска (3)
    • Марија Мојсоска (3)
    • Марина Анчевска (3)
    • Матеј Томажин (2)
    • Милан Новковски (6)
    • Мирослав Драганов (1)
    • Митко Керамитчиев (1)
    • Наташа Ивановска (4)
    • Нела Јолеска (2)
    • Павле Зимбаков (4)
    • Роберт Проданоски (4)
    • Славчо Бујароски (1)
    • Снежана Какуринова (4)
    • Тања Николова Маневска (5)
    • Тања Чачорова Илиевска (2)
    • Теодор Алексов (2)
    • Томислав Трајков (5)
  • Преземено од (88)
    • Global HR (2)
    • Web Marketing Today (1)
    • Јошевски Консалтинг (2)
    • Вработување NEWS (29)
    • Неделен магазин Капитал (52)
    • Таргет списание (2)
  • Теми (257)
    • Деловни вештини (172)
      • e-mail маркетинг (9)
      • Бизнис (17)
      • Деловна комуникација (6)
      • Лидерство (8)
      • Маркетинг (27)
      • Менаџмент (32)
      • Мотивација на вработени (6)
      • Мрежен маркетинг (1)
      • Организациска култура (6)
      • Претприемништво (9)
      • Продажба (20)
      • Тимска Работа (17)
      • Финансии (2)
      • Човечки ресурси (24)
    • Живот (22)
      • Јога (7)
      • Љубов (2)
      • Деца (4)
      • Здравје (3)
      • Исхрана (4)
      • Семејство (1)
      • Фитнес (1)
    • Личен развој (62)
      • Емоционална интелигенција (2)
      • Интелигенција (3)
      • Кариера (12)
      • Коучинг (1)
      • Личен раст и развој (2)
      • Лични финансии (8)
      • Образование (5)
      • Пензија (1)
      • Психологија (9)
      • Стрес (1)
      • Финансии и Инвестиции (5)
    • Разно (2)

Последни Коментари

  • Славчо Бујароски on Промени – основа за успешен развој на бизнисите
  • Славчо Бујароски on Промени – основа за успешен развој на бизнисите
  • Славчо Бујароски on Промени – основа за успешен развој на бизнисите
  • Славчо Бујароски on Промени – основа за успешен развој на бизнисите
  • Славчо Бујароски on Промени – основа за успешен развој на бизнисите

Архива

  • September 2023
  • April 2018
  • March 2018
  • August 2017
  • July 2017
  • May 2012
  • March 2012
  • February 2012
  • January 2012
  • December 2011
  • November 2011
  • October 2011
  • September 2011
  • August 2011
  • July 2011
  • June 2011
  • March 2011
  • February 2011
  • January 2011
  • December 2010
  • November 2010
  • October 2010

Statija.mk © 2025 ·